H
HoT IcE
Гостин
Потполно си во право, но нема што друго да се стори освен да се жалат, неможе цел век вака да тера ПЛ и Јунајтед, срамотно е на секој дерби дуел на Челзи и Јунајтед едни исти грешки да се прават. Без разлика на последиците, кои сигурно ќе ги има, кога веќе Челзи се фати за тешкиот крај, ќе иде до крај, сигурно има нешто чим се жалат.Челзи почна многу опасна игра со Горните од ПЛ и АФА, со што со секој нареден момент сум се посигурен дека ја губи тутлата годинава.
Како не влегува во то црпките нивни ја не знам, работите се такви да „ако не милом, силом“, а овие уште си ја предизвикуваат среќата.
Ко малку да е тоа шо за Горните и нивните маркетинг планови тешко сварливо би било да Сер Фергуосн остани без титула две години по ред, па уште ова фали.
Лошо, лошо.
Бојкотов на судииве што го најавиле само потврдува дека нешто има и дека се спрема нешто големо, па затоа притисок од самата асоцијација за Челзи да ја повлече тужбата. Ќе видиме што ќе излезе на крај.
За денешниов дуел очекувам победа на Челзи, со ротација на Мата/Оскар, мора и двајцата да добијат одмор, ја играат скоро секоја утакмица. Мозес и Марин нека влезат по крила ако се веќе спремни и така. Бертран и Апзи најверојатно ќе почнат на бекови, што е добро за Кол малце да добие одмор, и би сакал Стариџ да биде шпиц за мечов, неможам веќе да го сварам оној Торес.