Не знам дали имал или немал појма, то сега не е на муабет.
Работата е тоа шо тој ни одблиску не вади максимум од се шо има на располагање.
ВБА дома, прво коло - апсолутно најјакиот тим на терен?!
Спартак дома, 4то ЛШ коло (3 од 3 победи претходно) - најјак состав иако ликови ко Дрогба и Ешли Кол се пред умирање.
Сандерленд дома - 3тиот избор за десен бек добива предност како центархалф пред Брума кој колку и да е неискусен, то му е природна позиција?
Форсирање една иста помочана 4-3-3 цело време, нејзината ефикасност за Челзи е во тоа шо играчите од средината како Лампард и Есиен се способни за постигнување голови во секое време - со која цел се форсира тој неуморниот твој Рамирес кој трча ко headless chicken (ме бендиса изразов) наоколу и крилниот играч Жирков место претходно споменатите двајца последниве натпревари?
Од тренерот на Челзи очекувам да ги знај можностите на својте фудбалери, максимално да ги искористува, а не да форсира сосила една та иста работа само. Од примериве се гледа дека Анчелоти потфрла и за двете работи - ни внесува некоја промена, ни пак ги знај можностите и неможностите на својте играчи (а веројатно и затоа не е способен да внесе некоја промена).
Ова е најслабиот Челзи од ко е дојден Абрамович то е точно. И во Анчелоти гледав човек кој можи то да го неутрализира. Сега шо гледам? Копито...ај добро, нека не биди копито, шо сака нека биди, гледам некој кој, баш напротив, го појачува и појачува тој неквалитет.
Кај Челзи нешто ново можи да се само младинците. Вакви или онакви маме нивно, тие се, јебига. И Анчелоти како нивни тренер треба да бара начини за нивно интегрирање во екипата. Не за седење на клупа и влегување во игра во последни 10 минути на МекЕкран чисто за да се задржи топката до крајот пошто е пимплач!!! Па не сум бре јас тој шо го нарече Какута „иднина на Челзи“ лани, декември месец негде. И дали најдобро место за прв старт на Какута во Премиер Лигата беше Вила Парк? А не Стемфорд Бриџ против ВБА во помочано прво коло, на пример?