Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Да се надеваме дека конечно ќе се погоди некој трансфер.

Иначе последниве две утакмици гледавме подобар фудбал, дали е случајност или не ќе се покаже за брзо. Со ваква игра и враќање на повредените можеме до топ 4.
 
Играч од профилот на Феран и тоа како ни е потребен. Е сега дали ќе се покаже останува да видиме. На толку пропаднати трансфери нормално е да дуваме и на јогуртот...
 
Со скоро 90% за, на референдум изгласано е одобрувањето на 1.5 милијарди евра кредит од Голдман Сакс. Парите се за проектот "Еспаи Барса" кој беше презентиран уште во 2014 год. Милијарда се очекува да оди за реновирање на кампот, и градење на хотели обновување на помошни терени и паркинзи околу кампот.

Рокот на отплата ќе биде 35 години.
 
Не ми е јасно која е потребата од обнова на Кампот при толкава финансиска криза. Шо вика Зоран Ставревски немаме пари за леб, купуваме чоколада.
 
Тимот за во иднина, ако остане се како што треба, нема да биде лош. Правам муабет за наредна сезона. Дечките ќе добијат на искуство, исто и Чави. Може пак нема да бидеме у топ16 или топ8 екипи во Европа, ама ќе бидеме многу надежни, според мене.

Како што пишав претходно, 55 милиони се многу за Торес, поготово што пред година и пол можеше да го земеме за 25 :)
Дај Боже да гришам и да игра како во Сити и Шпанија, ама таму ги нема Пеп и Енрике.
Од тоа што прочитав, Чави сака да го игра лажна 9ка, со Фати и Дембеле на крила.
По Кавани најверојатно нема да се тргне, пошо во јануари се враќаат од повреда и Депај и Бретвајт. И секако тука е Ез Абде на кој сакаат да му дадат повеќе шанса.

Ако некако се уклопат Гави, Педри и Де Јонг во средина, мислам дека ќе биде топ.

Кутињо најверојатно ќе си замине, исто и Де Јонг, а се бара решение за Дест, Мингуеза и Умтити.
Ако заминат сите 5, најверојатно ќе се тргне и по десен бек и штопер.

На лето можно е да го земеме мароканчето од Ајакс, слободен играч е.

Ќе истрпиме уште пола година, али имам верба во оваа управа јас.
После тие срања, за пола година правиме трансфер од 55-60 милиони :)
 
Со трансферот на Феран се поочигледно станува дека Лапорта си ја вложува кариерата во проектот во повторно собирање на повеќе од пола шпанска репрезентација во Барса. Ги имаме веќе Гави, Фати, Педри, еве сега и Феран. Очекувам на лето да го собереме и Олмо од Лајпциг. Нико прашање на време е кога ќе биде префрлен од У-21 во сениорската.

Проект со две острици, сеуште станува збор за ептен млади играчи, штотуку полнолетни. Јас не би го продал Де Јонг, сеуште мислам дека нема добиено права шанса да се докаже. Исто така добро би било да се земе нешто од младината на Ајакс, страшен тим имаат.
 
На Де Јонг мислев на Лук... Кадиз и Барса се договороле, чекаат на него. Не знам ти на кој мислиш, ама другиот никако не смее.
 
На Де Јонг мислев на Лук... Кадиз и Барса се договороле, чекаат на него. Не знам ти на кој мислиш, ама другиот никако не смее.

На Френки мислев јас. Овој другиот до Кадиз ќе го однесам на раце, небитен лик. :D
 
Се сложувам и јас дека премногу е платен Феран иако е играч со само 21-Година а нема толку многу големо искуство во Европа па незнам како да го дефинирам како проект на иднината или како готов продукт или во случајот како со Френки готов продукт со можност за голем напредок? Иначе мое мислење е дека ќе биде грешка огромна грешка да му се продолжи договорот на Дембеле стаклен играч малку на терен повеќе во болница ќе биде огромен ризик во оваа криза ова со Дембеле а и ако настави со повредиве прашање е дали ќе можат да го продадат.За Френки НЕверувам да го продадат бидејќи нема да можат соодветна замена да најдат по враќањето на Педри очекувам Френки да се врати на позицијата на Бускетс и таму да се покаже неговото најдобро светло.За други засилувања и заминувања Неверувам освен Демир и Лук Де јонг и секако Феран како засилување.
 
Феран е повреден неколку месеци, прогнозата во Сити е дека би се вратил на средина на јануари, што значи кај нас сигурно пред февруари нема да игра. Исто враќањата на Педри и Ансу се одложени, аматерскиот лекарски тим повторно сјебал нешто, па првиот уште 2-3 недели не се враќа, вториот најмалце месец дена. А и се стаклени самите по себе, не дека баш цела кривица е кај лекарите.
 
На барање на Чави, го вратија Д-р Пруна, човекот кој беше главно медицинско лице во клубот години наназад, додека претходната управа не го избрка.

Засега 11 играчи се аут за со Мајорка, 7 повредени и 4 корона, Дембеле не тренирал исто, се чекаат резултатите од тестот за корона, а веројатно е дека ќе има уште позитивни во наредниве денови. Време е да се откријат нови таленти од младинците против Мајорка :D
 
Гарсија и Мингеза се покажаа како ботови, голманов не сме имале прилика да го видиме, исто и Феран, другиве многу добро се покажаа досега. Ако продолжат да напредуваат, со додавање на искусни играчи, за некоја година би имале страшен тим, ама се е тоа би моментално :)

FB_IMG_1640785675391.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom