Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Не ми е јасно,даваш 2 гола противникот збунет незнае кај се наоѓа место да го дотолчиш да ја завршиш утакмицата ти се повлекуваш...
Сигурен сум дека ќе дадевме уште некој гол ако притискавме.

Само Меси да не се повреди све друго е пролазно.

Пак со главоболки во второ...
15мин 2гола си им брцнал , не знаат кај се . На противникот му даваш 30мин топка да си игра, па нормално гол ќе примиме..
Сега ќе се чува 2:1 , ако ни направат 2:2 тогаш пак ќе се тргне со напаѓање ...
Ебате тактиката на тренерот...
 
Клише веќе стана три сезони истото да се пишува, но нема пресинг, нема желба, нема душа тимот, џабе им е квалитетот, со срце се освојуваат титули.
 
На хартија сме појаки од лани, на терен 3 класи послаби. Колку само поразот од Ливепрул влијаеше на сите, страшна деморализација.
 
Немаше припреми, сите беа на продолжен одмор. Треба време да се уиграат.
 
Какво дрвце е станат Суарез... Мора Гризман да игра на негово место, Фати лево крило и Дембеле десно, со Меси зад нив.
 
Последно уредено:
Овој Суарез више штета прави на теренов него ли што помага.:facepalm:
Броев колку топки покака.Имаше 10+ топки што ги упропасти...
Автоматски споено мислење:

Какво дрвце е станат Суарез... Мора Гризман да игра на негово место, Фати десно крило и Дембеле десно, со Меси зад нив.
Ansu Fati е лево крило
Автоматски споено мислење:

Како бе нема пенал :tapp:
Имаше контакт ама изгледа не беше доволен. Имало слични ситуации каде што се свирело(50/50 одлука на судијата)
 
Броев колку топки покака.Имаше 10+ топки што ги упропасти...
Автоматски споено мислење:


Ansu фати е лево крило

2 пати сум пишал десно. :pos: :facepalm: Од Јунајтед последица.

Мислев Ансу да игра лево, како сега.
 
2 пати сум пишал десно. :pos: :facepalm: Од Јунајтед последица.

Мислев Ансу да игра лево, како сега.
Се сложувам, повеќе покажаа по крилата Ansu Fati и Dembele одколку останатите играчи. Можеби немаше голови/асистенции од двајцава, но изгледавме поопасно.
 
Реално играва катастрофа,да бевме во гости сигурен пораз ќе беше ова,никаква мотивација нема,никаков жар,желба за победа...На многу играчи како да им е сеедно како ќе заврши утакмицата.
Освен Де Јонг,Артур и Фати јас кај друг не видов некоја желба,борбеност и сл.

Гризман освен голот што го даде цела утакмица незнаеше кај се наоѓа,неможе со топка да се сврзе.
Суарез :facepalm: човеков незнам како е уште у Барса,2 сезони е ист,незнае топка да прими,глуми некое лудило препушта топки меѓу нозе...Неможе да потрча,ни осет има ни ништо.
Дембеле кога влезе се растрча,напраи некој дриблинг после тоа го снема и он како Суарез повеќе смета на терен отколку што помага.
Фирпо покажа нешто,има брзина ама некако не сигурен ми делува цело време како да му забегува токата кога ја води,некои лоши приеми,пасови...Истиов проблем и Дембеле го има.
Фати одличен,ако не бидне нешто од детево слободно нека ја затворат Ла Масија,на 16 години не памтам некој играч вака да играл,подобар е скоро од цел тим.


Утакмицава ја извадивме на искуство и на домашниот терен иначе ништо посебно не покажавме,стандард приказна даваш гол и се повлекуваш.:tapp:
Само Меси да не е повреден нешто се друго е небитно во моментов.

Следна утакмица гости против Гетафе,спремете се за очобол и нервози 90 минути.
 
Следна утакмица гости против Гетафе,спремете се за очобол и нервози 90 минути.
За да не ти е криво што ќе изгубиме, пиши тикет Getafe кец у кец . После утакмицата барем ќе се почастиш
 
Никаков пресинг, никаква доминација, никаква контрола на играта и текот на мечот. При секое минимално водство плашливо повлекување и препуштање на играта на противникот, а екипата воопшто не знае да се брани, па произлегуваат бламажи како Рома и Ливерпул. Не памтам кога последен пат играле волку слабо колективно, мачење и нервози е секој меч. Да ги имаш Артур и Де Јонг во средниот ред и да дозволиш просечни шпански прволигаши да доминираат на теренот повеќе од половина меч е несфатливо и недозволиво, а баш овие двајца и делуваа најжелни за игра, најборбени, и пробуваа да направат некаков пресинг и беа единствените што успеаа да одземат по некоја топка на противничката половина. И Гризман доста трча и се труди, ама игра тотално ван позиција, а Валверде не знам дали гледа нешто или е тотално слеп, ама Суарез и Бускетс го пробиваат дното се повеќе и повеќе со секоја нова изиграна утакмица. Ги пратев намерно нешто повеќе денес, Бускетс е преспор, касни премногу во покривањето, во офанзивата премногу ја кочи играта, начинот и стилот на игра не проаѓаат во модерниов фудбал и не само што не успева да има некаков импакт, туку е преголема опасност ради самата позиција што ја игра. Суарез пак, мислам дека ги изгуби 90% од дуелите, мака мачи да прими топка, џабе трудот кога не успева ништо правилно да направи, и со пресингот е спор и неуспешен. И двајцата можеби би биле корисни со искуството и знаењето кое го имаат кога би биле џокери од клупата, ама се далеку од стартната 11-ка. За мене најлошо и најтрагично во целава ситуација е, што тренерот не е главниот и единствениот проблем, проблемот лежи многу подлабоко, во управата и раководењето со клубот, излегоа целосно од терк и уништија све што беше препознатливо за клубот
 
Ансу Фати ви е злато вредно дете, колку само изгледа Барса поопасна кога ќе влези од клупа тој, буквално ја зема топката и шанса за гол ствара, за разлика од Гризман на пример подиректен е илјада пати.
Инаку и денес слаба игра, посебно во второ на моменти Виљареал изгледаа како да ќе израмнат во секој момент, па после тоа од кога влезе Фати се растерети екипата.
Не знам како не сваќаат сите во Барса дека Суарез не е матерјал повеќе да игра прва постава во клубот, мртовец на терен, нека го фаќа патот за Катар кај Чави што побргу, гарант и кој знае колкава плата срка диклото
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom