Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Никаков пресинг, никаква доминација, никаква контрола на играта и текот на мечот. При секое минимално водство плашливо повлекување и препуштање на играта на противникот, а екипата воопшто не знае да се брани, па произлегуваат бламажи како Рома и Ливерпул. Не памтам кога последен пат играле волку слабо колективно, мачење и нервози е секој меч. Да ги имаш Артур и Де Јонг во средниот ред и да дозволиш просечни шпански прволигаши и бивши второлигаши да доминираат на теренот повеќе од половина меч е несфатливо и недозволиво, а баш овие двајца и делуваа најжелни за игра, најборбени, и пробуваа да направат некаков пресинг и беа единствените што успеаа да одземат по некоја топка на противничката половина. И Гризман доста трча и се труди, ама игра тотално ван позиција, а Валверде не знам дали гледа нешто или е тотално слеп, ама Суарез и Бускетс го пробиваат дното се повеќе и повеќе со секоја нова изиграна утакмица. Ги пратев намерно нешто повеќе денес, Бускетс е преспор, касни премногу во покривањето, во офанзивата премногу ја кочи играта, начинот и стилот на игра не проаѓаат во модерниов фудбал и не само што не успева да има некаков импакт, туку е преголема опасност ради самата позиција што ја игра. Суарез пак, мислам дека ги изгуби 90% од дуелите, мака мачи да прими топка, џабе трудот кога не успева ништо правилно да направи, и со пресингот е спор и неуспешен. И двајцата можеби би биле корисни со искуството и знаењето кое го имаат кога би биле џокери од клупата, ама се далеку од стартната 11-ка. За мене најлошо и најтрагично во целава ситуација е, што тренерот не е главниот и единствениот проблем, проблемот лежи многу подлабоко, во управата и раководењето со клубот, излегоа целосно од терк и уништија све што беше препознатливо за клубот
Ова ти фали , бидејќи два кикса имаме во гости кај овие лански второлигаши.
 
Па дежа ву секоја утакмица на Ноу Камп,почетокот оштро,со пресинг,ке дадат 1 гол 2 и потоа Валверде моде он,млитаво тромаво,незаинтересирано,реков и пак ке речам,со ваква игра тешко до Титула Лига на Шампиони поготово покрај вакви Сити,Ливерпул,па и Јувентус,а во лигава ќе биде интересно и Реал мадрид е очаен,Атлетико стапни прицни секоја година.Настрана победата,генерално гледано играта ништо подобра не е,Гризман,Де јонг,Артур и изгледаат како просечни играчи кај овај Тренер,Дембеле топло=ладно и тој затера со повредите,ќе видиме до кога нема да е повреден пак.....Се осеќа дека фали Алба многу,сите напади од Виљареал од нивната десна страна доаѓаа,засега овај Фирпо буквално воопшто НЕ МЕ УБЕДУВА дека можи барем засега да биди некоја замена.Според некои медиуми притисокот врз Валверде е се поголем и поголем,ќе видиме до кога Бартоему ќе удира со главата во зид,мада што и тешко е сред сезона да се најди тренер,поготово каде сите се зафатени,плус со Европско на Хоризонт.
 
Тешко дека некој ќе остави тим за да дојде во Barcelona. Ако го избркаат Valverde , ќе треба во оган тренерот на Barcelona B да го стават за замена.
Moже во зима да го сменат, ама не верувам.
 
Ваше мислење за ова? Дали е возможно да се случи и дали сте за или против вакво сценарио?
Јас сум категорично против.

Ваше мислење за ова? Дали е возможно да се случи и дали сте за или против вакво сценарио?
Јас сум категорично против.

Овој лик може да закова на клупа играчи како Suarez, Busquets, Rakitic, Pique без око да му трепне. Подобра опција од Valverde во секој момент, но и неговиот стил е исто така дефанзивен.
Не би го сакал за тренер поради што ќе треба да гледам дефанзивна Barcelona.
 
Кога влезе Дембеле направи некој добар потег и створи шанса, што секако поранешниот напаѓач Суарез ја заеба. Но, кога влезе Фати направи поголем импакт него Меси кога влегува од клупа, одма ја презеде секоја акција, милион проблеми им направи, да шутнеше во некои ситуации каде што додаде, ќе дадеше гол сигурно. Мора да остане во прв тим и да добива шанса од клупа секој натпревар.
 
Направи Валверде радикален потег што го тргна Ракитиќ од екипата ама никако да се осмели тоа да го направи и со Суарез и Бускец. Синоќа немаше што да бараат во прв тим. Суарез не знае кај тера, исто како да не постоеше на теренот. Дојдено му е време да си оди од тимот ако веќе не сака да биде резерва. Бускец не сакам да си оди, сепак има преголемо искуство, дете на Барса е и што и да биде во иднина ќе остане почитуван од фановите. Ама нема поента да биде уште стандарден првотимец. Вчера по секоја логика требаше да започне Де Јонг место него.

Единствена позитивна работа до сега оваа сезона е Фати. Малиот има страшен талент. Како само ја разигра екипата кога влезе и како само се крена атмосферата на Кампот. Пред тоа стана приспивно како во театар. Ќе биде страшен играч ако продолжи вака. Не смее да испадне нов Мунир или Кркиќ.
 
Ansu Fati - Griezmann - Dembele
Ова треба да се проба...
Чим примат топка , одма опасност пред противничкиот гол..
 
Овој лик може да закова на клупа играчи како Suarez, Busquets, Rakitic, Pique без око да му трепне. Подобра опција од Valverde во секој момент, но и неговиот стил е исто така дефанзивен.
Не би го сакал за тренер поради што ќе треба да гледам дефанзивна Barcelona.

Тешко за Мурињо за тренер........Прво пред се Мурињо не ја сака Барса воопшто т.е ја мрази,тоа трае уште од 2008,кога тогашниот председател Лапорта во последен момент го назначи Гвардиола наместо Мурињо,друга работа сите знаеме дека е дефанзивен тренер,трета работа посебно сега по дефанзивниот пристап на Валверде, ќе се бара тренер со напаѓачки фудбал,така да Мурињо одпаѓа.
 
Лапај Покетино, и онака ке изгуби работа до крај на сезона, како што тргнал. Аргентинец, ем знае со млади играчи.
 
И Покетино не знаеме како би се снашол во поголема екипа, во Тотенхем е опкружен со дечишта тука ќе треба со егоисти да се расправа, играчи со висок статус во клубот.
Мурињо не доаѓа во предвид, не знам ни како го вметнуваат во иста реченица со Барселона.
 
Лапај Покетино, и онака ке изгуби работа до крај на сезона, како што тргнал. Аргентинец, ем знае со млади играчи.
Покетино е бивш тренер на Еспањол и пред некое време даде изјава дека попрво би работел на фарма отколку да е тренер на Барса, така да отпаѓа од изборот.
 
Покетино е бивш тренер на Еспањол и пред некое време даде изјава дека попрво би работел на фарма отколку да е тренер на Барса, така да отпаѓа од изборот.
И Ето имаше еднаш речено дека попрво би продавал семки пред стадион одколку да заигра за Челзи па видовме шо се случи :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom