Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Гризман ја заеба работата, одлично ќе легнеше сега место Суарез. Се повеќе мислам дека Суарез нема да ја поврати формата, туку е потрошен играч веќе. Од минатата сезона е во постојан пад и тешко дека ќе се врати барем пола од што беше. Кога веќе не донесовме напаѓач, решението е Малком-Меси-Дембеле, само да има кој да го согледа тоа.
 
Додека е Суарез во Барса, ќе игра прва постава и тоа е тоа. Суарез ко име е класи над сите алтернативи што ги имаме за него, а и подолго време се шпекулира низ шпанскиве медиуми дека Меси е тој кој е позади него.
Иако напнаа со приказните за Меси и притисокот што го врши во соблекувалната (кој да игра, кој не), во Аргентина, за Суарез стварно мислам дека има нешто. Неразделни се на и вон терен, и самите неколку пати имаат потврдено дека се најдобри пријатели.
 
Глупаците сеуште одат по Рабио, што значи пазарот за купување е завршен, само ќе го налутат псж да тргне по некој наш играч :D да се надеваме дека Рафиња ќе остане, кога веќе не доаѓа нов играч.
 
Гледам никој не пишал, Алкасер и официално во Дортмунд. 2 милиони позајмица + можност за одкуп од 23+5...
Друго, Сампер ја зема 16ката, значи останува.
Се шпекулира дека ќе има уште некое неочекувано заминување.. и уште едно засилување, можно е 5ти штопер, деснак.
 
Гледам никој не пишал, Алкасер и официално во Дортмунд. 2 милиони позајмица + можност за одкуп од 23+5...
Друго, Сампер ја зема 16ката, значи останува.
Се шпекулира дека ќе има уште некое неочекувано заминување.. и уште едно засилување, можно е 5ти штопер, деснак.
Ако носат 5ти штопер тогаш најверојатно Вермален ќе биде замена за Алба,ама ако носат нека биде некој од светска класа,ако не боље да донесат десен бек замена за Алба некој млад по можност.
Ама во секој случак мислам дека е шпекулација,најверојатно завршивме со трансфери.
 
Гледам никој не пишал, Алкасер и официално во Дортмунд. 2 милиони позајмица + можност за одкуп од 23+5...
До кога ќе може клубот да одржува ниво со вакви очајни (финансиски) трансфери ќе видиме. Можеби и поради тоа проектот за новиот стадион се одложува до недоглед.
 
Уште ситуацијата со Рафиња остана за преодниов рок, за нови играчи е затворен пазарот, па да видиме на што сме :D
IMG_20180829_113219.png
Прво и најбитно според мене беше да лета Валврде, што за жал не се случи. Колку и да ги коментираме играчите и какви и да се, резултатите многу зависат од тренерот и неговата игра. Валверде е мал тренер за мали тимови како Билбао, за средина табела. Клучна грешка и недостаток во преодниов рок.

Играчки тимов има неколку слабости. Нема достојна замена на лев бек за Алба, кај овај Миранда ставив прашалник, зошто не се знае дали воопшто ќе е во првиов тим или ќе игра за Б тимот. Ако Дињ не беше на ниво, сега сме воопшто без втора опција тука, можеби во купот ќе добие шанса Миранда.

Заден везен сметав дека добар треба да се донесе, вака ќе покриваат Ракитиќ и Видал кога нема да игра Бускетс. Сампер можеби ќе добие во купот некоја минута.

Позиција Чави беше најкритична минативе години и тука сега се доведени Артур и Видал, но мислам требаше креативец како Тиаго тука да се донесе.

Со незапирливиот пад на формата на Суарез сега мислам дека тоа е и поголем проблем отколку срединава. Како и на лев бек и тука нема замена, но овде ни првата опција не функционира :D да се надеваме дека ќе врати барем пола од формата Суарез, да престане со глупирање, со пропуштање топки низ нозе, некои други луди замисли што ги има, а не може физички да го спроведе, бидејќи се сопка со топката и прави идиот од себе. Прекупотребно е тој да ги исполни своите 20+ гола, ако сакаме да сме конкурентни за титули.

Но има и позитивни работи за разлика од минатава сезона. Пред се тука ги ставам скапо платените Кутињо и Дембеле :icon_mrgr: Кутињо ќе може да игра ЛШ и веќе е воигран за разлика од лани. Од Дембеле се очекува после сите пехови со повреди оваа сезона да ги замолчи хејтерите. Сеуште е многу млад, но полека се привикнува на лигата и притисокот од навивачи и медиуми. Го реши супер купот и донесе три бода минатава утакмица, а и полека се прилагодува на играта иако не одговара на неговиот ран енд ган стил. И Малком ќе го ставам тука, зошто ако добие добра минутажа мислам дека ќе биде ѕвер. Брз е, има добар шут, а и добро покрива во дефанзива што е чудно за бразилски напаѓач.

Пак ќе се навратам на Валверде и неговото чување резултат со преку милијарда вредната Барселона против 27 милионскиот Ваљадољид, мора да му биде укажано дека тоа не смее да се случува. Ако се глупира пак, повторно неминовен е дебакл во ЛШ.

Ај доста е, есеј напишав :pos:форца Барса :kafence:
 
Денис и Дембеле смени ги со местата, другово отприлика така треба да биде. :D[DOUBLEPOST=1535591764][/DOUBLEPOST]40321255_1944054525656455_4226148438015737856_o.jpg

Со кои ке се падне Барселона, што мислите?
 
Рафиња притисна за трансфер и Барса најверојатно ќе попушти.
 
Тотенхем, ПСВ и Интер , најтежка група иаме дефинитивно.
 
Јас сум задоволен од групава, сме имале потешки други години.
 
ПСВ појма немам какви се, ама Тотенхем се зезнат противник. Интер моментално се вон форма.
 
Би требало со Тотенхем да се бориме за прво место, али со толумбата на клупа нема да ме чуди и да испаднеме во групи. :unsure: Не го потценувајте Интер, слабо почна во лигата али за ЛШ ќе се екстра мотивирани после долга пауза. ПСВ ќе биде убедливо последен.
Сеуште ја немаме стабилната игра за да можеме да кажеме дека имаме лесна група.
 
Ако испаднеме од групи ќе лета копукот, секако сме вин-вин :D мада секоја година викаме колку е тешка групата и на крај први со 15 бода.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom