Уште ситуацијата со Рафиња остана за преодниов рок, за нови играчи е затворен пазарот, па да видиме на што сме
Прво и најбитно според мене беше да лета Валврде, што за жал не се случи. Колку и да ги коментираме играчите и какви и да се, резултатите многу зависат од тренерот и неговата игра. Валверде е мал тренер за мали тимови како Билбао, за средина табела. Клучна грешка и недостаток во преодниов рок.
Играчки тимов има неколку слабости. Нема достојна замена на лев бек за Алба, кај овај Миранда ставив прашалник, зошто не се знае дали воопшто ќе е во првиов тим или ќе игра за Б тимот. Ако Дињ не беше на ниво, сега сме воопшто без втора опција тука, можеби во купот ќе добие шанса Миранда.
Заден везен сметав дека добар треба да се донесе, вака ќе покриваат Ракитиќ и Видал кога нема да игра Бускетс. Сампер можеби ќе добие во купот некоја минута.
Позиција Чави беше најкритична минативе години и тука сега се доведени Артур и Видал, но мислам требаше креативец како Тиаго тука да се донесе.
Со незапирливиот пад на формата на Суарез сега мислам дека тоа е и поголем проблем отколку срединава. Како и на лев бек и тука нема замена, но овде ни првата опција не функционира

да се надеваме дека ќе врати барем пола од формата Суарез, да престане со глупирање, со пропуштање топки низ нозе, некои други луди замисли што ги има, а не може физички да го спроведе, бидејќи се сопка со топката и прави идиот од себе. Прекупотребно е тој да ги исполни своите 20+ гола, ако сакаме да сме конкурентни за титули.
Но има и позитивни работи за разлика од минатава сезона. Пред се тука ги ставам скапо платените Кутињо и Дембеле

Кутињо ќе може да игра ЛШ и веќе е воигран за разлика од лани. Од Дембеле се очекува после сите пехови со повреди оваа сезона да ги замолчи хејтерите. Сеуште е многу млад, но полека се привикнува на лигата и притисокот од навивачи и медиуми. Го реши супер купот и донесе три бода минатава утакмица, а и полека се прилагодува на играта иако не одговара на неговиот ран енд ган стил. И Малком ќе го ставам тука, зошто ако добие добра минутажа мислам дека ќе биде ѕвер. Брз е, има добар шут, а и добро покрива во дефанзива што е чудно за бразилски напаѓач.
Пак ќе се навратам на Валверде и неговото чување резултат со преку милијарда вредната Барселона против 27 милионскиот Ваљадољид, мора да му биде укажано дека тоа не смее да се случува. Ако се глупира пак, повторно неминовен е дебакл во ЛШ.
Ај доста е, есеј напишав

форца Барса
