Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Само Суарез да влезе во форма , тоа е најбитно за да функционира триото . Дембеле ќе се прилагодува до полусезона а потоа треба добро да се истемпира формата за финишот на сезоната . Мора ротации.
Умтити е звер , на натпреварот со Еспањол немал погрешно додавање и не направил ниту еден фаул . :cuc:
 
Ми мириса на 2-2, или некоја минимална победа ако им се погоди денот во одбрана. Реално тежок меч ќе биде , Семедо и Умтити мора да стартуват во одбрана, ако го видам проклетникот Видал гасам и не гледам. Се надевам и Дембеле ќе добие барем цело едно полувреме.
 
Најверојатно: Штеген, Семедо, Пиќе, Умтити, Алба, Бускетс, Ракитиќ, Иниеста, Меси, Суарез, Дембеле :D

Одлично што ќе стартува Семедо, сега за сега топ си игра момакот, Дембеле очекував у второ да добие минути, мислам дека сеуште му требаат тренинзи со новите играчи и привикнување на новиот систем.

Како и да е, ова би ни бил најсилниот состав сезонава, со можност еден од Паулињо / Роберто да му го земе местото на Ракитиќ.
 
И јас мислам дека требаше Дембеле второ полувреме да влези, сеуште не е вклопен во екипава за вакви утакмици. Нека го стави десно, да ораат со Семедо, тие треба да бидат летечко дуо по десната страна :D
 
Дроп сме..

Циганот изгубен во просторот.. Средината непостоечка.. Лево крило БУКВАЛНО немаме..


Еве го Меси сам му изигра нека пуши Џиџи
 
Што се глупира Валверде и не го игра Дембеле на лево крило туку на десно , а лево се уфрла само Алба . :eek:
 
Бускетс изгубен тотално, Ракитич и тој. На ваква утакмица, каде Јуве игра со 10 души во средина, треба да се игра 4-2-3-1. Паулињо и Роберто во второ да се уфрлат. Семедо, Дембеле, Иниеста и Меси одлични.
 
Мора Дембеле да го префрли на лево крило , Паулињо да влезе на местото на Бускец .
 
Лошо делуваме на терен, посебно срединава лоша и во одбрана и во напад. Треба Меси да ја земе од средина за да се дојде до шеснаестерецот на Јуве, иначе тешко иде градењето на акциите. Кога губиме топка и треба да се браниме, исто срединава потфрла бааги, Јуве у дел од секунда ни е пред нашиот гол и ни создава шанси, како од шала ги претрчуваат на тој дел од теренот.

Јуве без неколку првотимци камен делува. Дисциплинирано, цврсто, а и во напад добри. Единствен кикс кога им ја украде Дембеле у шеснаестерец, иначе другово топ го изиграа.

На Дембеле му фалат тренинзи, воочливо е тоа, ипак момакот има се на се три тренинга со првотимците, едни се вратија во четвртокот други у петокот по интернационалните натпревари.
Немаше потреба од прва минута да го гори Валверде на ваков натпревар, таман ќе си беше у второ да влезе.

И, нека поигра малце лево Дембеле.
 
Абе супер сме, малце десната страна ни е кич а лево никој нема ама можда е тоа тактиката збунити непријатеља :icon_mrgr:
Btw Акцијата за голот почна од Дембеле:sneaky:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom