Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Само едно знам, да изигравме во Торино барем 70% од ова денес, да не се глупираше со 3-4-3 и Матје, сега ќе бевме во 1/2 финале.

Енриќе тактички изгуби многу битни утакмици со експериментирање, ама многу и доби. Оваа ја доби, дефинитивно, Барселона делуваше многу постабилно во одбрана. Ако приметивте најчесто се браневме со 5 играчи во линија и тоа даде резултат.
 
Сеа само од раководството да не мислат дека се е ок па да го остават истиов тим за следната сезона...:)
 
Пред се одлична утакмица за гледање, одамна не сме гледале волку офанзивно Ел Класико. Друго, се повеќе се потврдува дека Енрике е идиот поготово со замената Гомеш-Пако, во ситуација кога брка гол и кога на клупа ги има далеку поофанзивните Арда и Денис. Трето и најбитно Меси е играчиште си ја зацементира 500ката на Бернабе у 92ра за премногу значајни три бода.
Инаку што се однесува до останатите поединци за издвојување се Тер кој мислам дека имаше преку 10 одбрани, едноставно фантастичен без разлика колку и да сум го пцуел претходно, евидентен е напредокот кај него само да продолжи со тоа темпо. Серхи по не знам кој пат им докажува на управата наредна сезона сериозно да сметаат на него на позицијата среден везен играч за врска каде моментално игра Ракитич, а за десен бек да се бара нова аквизиција. Умтити стандардно одличен, делува ко да има преку 100 настапи за Барса, тоа е човекот што фалеше долго време на таа позиција. Ракитич да игра секоја утакмица ко оваа воопшто не би стравувал од средината, фала му за голот, асистенцијата и досегашниот целовкупен перформанс за Барса, но искрено мислам дека ќе биде дел од неколкумината што ќе си одат на лето.
Имаме шанса, една брејк можност искористена, секоја утакмица до крај е финале!!!
 
Мислам дека и ко со псж, преслатка победа, ама ми изгледа дека ќе биде за џабе!
НЕ МИ ШИРИ НЕГАТИВНА ЕНЕРГИЈА [emoji1] [emoji1] [emoji1] [emoji1]



080c1b9b46bcdb0321068c62e4ff0309.jpg
 
НЕ МИ ШИРИ НЕГАТИВНА ЕНЕРГИЈА [emoji1] [emoji1] [emoji1] [emoji1]



080c1b9b46bcdb0321068c62e4ff0309.jpg


Се радувам само за утакмицата вчера.
Далеку сме од титула уште. Шанси, да, има.. ама ако така гледаме шанси ќе имавме и да изгубевме вчера.
Според мене шансите ни се околу 20%.
Тука у предвид зимам и дека нашите евентуални 15 бода до крај не се сигурни. Од кај тоа? Со Малага, до таа утакмица судбината беше во наши раце, сега не е.
Ќе чекаме друг да игра за нас, а ние да бидеме перфектни. Тоа е тоа..

Инаку фала му на Ковачиќ, главен виновник според мене. Си џогираше наназад.. а влезе свеж да го замени касемиро. Модрич напраи лизгачки старт играјќи 92 мин, тргна од позади него и пак стигна 20-30 метри пред ковачиќ позади да покрие.
Ако се потрудеше можеше да види убаво дека меси се мести и на време да затвори.
Да сум зидан после ова би го пратил у младинци 2 години..

Грешки се составен дел од играта. Ама незалагањето е грев кој не се опростува.
Како и да е... Фала му!
 
Шанси постојат но тешко ќе биде до крај, ем не зависи се од нас, ем со оглед на тоа што играме цела сезона топло ладно има шанси да киксаме.
Распоредот не е толку лесен како што мислев. Има неколку потенцијално тешки утакмици, дома со Виљареал, на гости кај гнасите Еспањол кој мајка би си ја продале само ние да не земеме титула, плус уште едно зезнато гостување против Лас Палмас.
 
Нема уште многу до крајот, ама шансата постои 1.jpg
 
Нема уште многу до крајот, ама шансата постои Прегледај го приврзокот 169262
Реал сигурно кикснува до крај уште една, е сеа има 2 проблеми... дали ќе изгуби или ќе игра нерешено и дали и ние ќе кикснеме. 4 од 6 утакмици ги играат на гости, 2 играат дома и тоа со Валенсија и Севиља, кои сигурно нема да и поклонат бодови.
Најдобро сценарио е да кикснат 2 (пораз и нерешено) за да и ние имаме право на едно нерешено :D како и да е, тешко ќе им биде пошо имаат и полуфинале ЛШ, евентуално и финале и ќе бидат под притисок, додека ние ќе бидеме сконцентрирани на лигата.
 
Ни оди во корист и тоа што има вонредно коло утре и среда , викендот играат пак , па им почнува ЛШ која двомечот се игра во период од 6 дена. Во наредните 20 дена имаат 6 утакмици од кои две со Атлетико , и со Валенсија и Севиља дома. :D
Според мене шансите се 65-35 во корист на Реал , али мора да се победува за да им се врши притисок сега кога имаат и ЛШ за играње.
 
Ауу каква утакмица изигравме, иако сакав да ја реши Пиќе кој немаше среќа и не шутна толку добро,сепак вака е послатко во 93 мин за да ги боли уште повеќе,се тоа што го испуштивме во првата утакмица и со голот што го примивме во 90 мин, сега ни се врати дупло,многу битна победа и за подигање на самодовербата кај самите играчи и кај целиот тим кој мислам дека после овој меч ќе соберат сили за да победат се до крај и да чекаат евентуален кикс од реал.. За Меси што и да се каже ќе биде малце, го критикуваа дека 2 години немал постигнато гол на Ел Класико, а тој им враќа со 2 гола среде Мадрид :vozbud:.. али исто така големи заслуги за последниот гол идат и кај Роберто,како претрча човекот во 90 мин си мислиш почеток на утакмица е,за наредна сезона да се земе десен бек и Роберто да се префрли на средина каде што ќе биде далеку покорисен.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom