Убаво почната сезона. Нека се множат само титуливе.
За разлика од прошлата сезона, оваа доста широка и квалитетна клупа ќе имаме, нешто што фалеше лани и се осети во последните месеци, кога повеќето изгубија здив и делуваа анемично.
Засилувањава ветуваат, им треба време, им треба натпревари во нозе, но и те како ветуваат. Арда само нека продолжи вака, па и Мунир ако не го пуштат на позајмица, исто како нови засилувања ќе ги сметаме.
Гомеш ги има пасовите, треба само малце да се опушти, али добро, прв натпревар му е.
Диње послаба партија од првата со Севиља, неколку топки не му пројдоа, неколку пати изблокиран, али кога требаше пројде и Меси реализираше. Позади ок беше, еднаш само се изгуби, иначе ок.
Денис исто послаба партија во однос на првата. Во второ скроз падна. Мислам дека левата страна кај што е Иниеста подобро му лежи. А и на лево крило треба да се проба. На пријателскиве Лучо го играше исто како вечерва, десно на средина, имаше добра соработка со Меси, но мислам дека на левата страна подобри партии ќе покаже.
Умтити изигра топ партија, да не беше пеналот десетка ќе кажев, мада и не можеше нешто подобро да реагира во таа ситуација, брзо се деси се. Супер беше момакот, само да не го урочиме, одлична партија прикажа. И блокираше и сечеше навремено и одлично се поставуваше, а богами и сите чистења после корнерите беа со глава од негова страна. Доста сигурно делуваше.
Малце лошо повредиве што не заредија, тројца во два натпревари, добро е што не е ништо сериозно, Иниеста 10 дена ако не се лажам ќе отсуствува, Матје две недели, сега и Маскерано. Изгледа задната ложа ја сјеба, стандард две недели пауза за таа повреда. Ваљда нема да се осети тоа со Бетис у прво коло.
Вака на прво, супер делува тимот. Рано е уште за било какви прогнози, само нека се здрави сите и ќе си дојде се како што треба.