Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Сезонава сме катастрофа, по 4 гола да примиш три пати од клубови од средна класа е очајно. Одбрана немаме, среден ред исто како да немаме.
Матје го ставил лев бек против Селта кои имаат брзи крила и напаѓачи.
Пике пак си го лади, дај бе нека го стави Бартра барем ќе се бори на теренот. А и Маскерано сезонава е слаб.
Штета што Вермален е стаклен па се повредува многу често.
 
Ај ми помина нервозата па да пишам два три збора за тие што планираат да одат на кампот.

Прво, карти во редовна продажба на добри места има многу малце. Дури и да си расположен да дадеш 100 и кусур евра за добро место тешко е да начекаш две три карти на исто место, освен во купот.
Друго, не се ослонувајте на 3д погледот кој што го имате на официјалната страна на Барса, не е толку прецизен. :)

Трето, ако не ви се фрла по 100 евра а сакате да ги ги гледате од блиску играчите ондак позади гол е правото решение. Озбилно, топ е од таму, али у првиот блок одма што е позади голот. Бар 45 минути дур напаѓа Барса на таа страна ќе уживате а и топ фотки ќе можете да направите а не како мене со зум да ги бркате играчите :pos:, па таман си зумирал и таман ти се избистрила сликата кога играчот ти избегал од видик. :pos:

Јас земав карти во блок 312, ги платив по 62 евра а ваму одма позади гол беа по 54 евра, ем поефтини ем каде каде подобро се гледа. Буквално играчите ти се на 2/3 метри од тебе, многу е блиску гол линијата до почетокот на трибината.
Така да, моја препорака до тие што ќе одат нека зимаат карти позади гол, нема да зажалат и да се заебат како ме.

Еве нешто поасално што фатив, а и баксуз, ем ми снема батерија апаратот после 10 фотки ем Барса сите голови ги постигна од спротивната страна. :)
Сликите ќе ги ставам во спојлер да не ја ебавам страната.

Еве како се гледаше од нашите седишта
fRxTYpT.jpg


Еве нешто од загревањето и утакмицата
Mg2tUi1.jpg

m28YEME.jpg

WXqi19H.jpg

R9zcDYX.jpg

1Ukkc88.jpg

d4Jlbfr.jpg

XOCHeqs.jpg

2UZJFl2.jpg

Z1U7mRP.jpg

MAhMrZN.jpg

pZSGgFy.jpg

QurFrq2.jpg

YkX8ixk.jpg

wkModcK.jpg

95i2Tj2.jpg

HnSQfVI.jpg

WHlaQCv.jpg

ftArnDU.jpg

H5UuwnI.jpg
 
Недозволиво е за тим кој минатата сезона освоил 3 трофеи да прави вакви луксузи..Насекаде неславни бројки, од каде да започнам.. На три натпревари примаме 12 гола, првпат после 80 и некоја година имаме гол разлика НУЛА. Селта изиграа одлично, Но за овој тим се троши богатство и играат безидејно, без никаква волја..Тер не сакам ни да го коментирам, длабоко ме разочара, очекував многу повеќе од него,а вака..Нема што да се дискутира кога едно пеколно трио во нападот не успева да направи ништо.. Повредите се тука, но овие играчи беа и лани кога освоивме се.. Нешто е променато, тоа го зборувам со оглед на висината на поразите.. Буквално НЕ ПОНИЖУВААТ.. Сме губеле и други натпревари, со еден до два разлика најмногу, но со 4 разлика од вакви екипи? Проблеми има многу во играта, но мене она што ме вознемирува е духот на тимот..Иниеста капитен? Со почит кон неговите фудбалски квалитети, но човекот не е никаков лидер. Бејби фејс, кој ниеднаш нема повишено тон на глас, а камоли да се дере по играчите како што тоа го правеше Пујол. Треба цврста рака да ги донесе во ред работите кога вака згуснуваат на терен..Се надевам ќе донесат некој играч во нападот,затоа што стварно останавме без алтернатива..Не мислам дека Мунир копукот или Сандро ќе ја решаваат во ЛШ кога ќе добијат шанса..Треба и уште еден играч за ротација од средината..Реал ќе падне на Ел Класико, мора да се надевам затоа што и покрај се јас сум непоправлив фан :D:D Изгледа ќе гледаме реприза на минатата сезона кога треба притисокот да се дигне до небо за да почнат да играат како што треба..И дај нека не ги носат овие дресови, створени се за дебакл
 
Ајде бе после една утакмица одма јадете гомна. Па и тие се луѓе, и они имаат право на грешка. Сеа за 22/3 дена имаат милион утакмици. Плус, имаме проблем со повреди, затоа никој не е крив. Рафиња, Браво, Алба и Вермален и те како ќе сменеа нешто да беа фит. Ова дојде можеби и во најдобар период за да си ги чукнат главите и да се сетат што прават. Реал ни бега само бод, а гостувавме веќе на Билбао, Атл.Мадрид и Селта.. и они нема да поминат лесно тука. Од Нова година друга песна ќе се пее, само да имаме среќа со повредите, да бидат минимални. Туран мислам многу ќе сменени и мора уште еден играч да се донесе, ја мислам средина, Гундоган ми праи ќејф.
Сезонава со двојна би бил презадоволен. ЛШ тешко дека ќе ја одбраниме.
И да, Меси мора да распука, редно време е.
 
Во голем дефицит на играчи сме.Недај боже да се повреди некој од МСН ке се чудиме.Не требаше Педро да го продадеме.По килава клупа од оваа не памтам дека сме имале некогаш.И "најголемите"млади таленти што ги имаме се смешки живи,Сандро е просек,а Мунир :pov:
Рафиња ни беше некоја алтернатива,сега и тој си еба мајката.Зимски преоден рок треба да се купува напад и средина ако сакаме освоиме нешто.
 
Штеген лани 16 примени гола на 21 натпревар. Оваа сезона 15 примени на 6 натпревари. :aplauz:

Зошто Сандро просек? Од сите тие таленти што ни се , он мислам најоправдан е со тоа што нема минутажа. Лани сам ја реши кај Вилареал , плус даде уште 2 клучни гола. Го немам многу гледано како игра , али сакам да го пушти да изигра цела утакмица против некој послаб противник на кампот. Еве се надевам ќе стартува во сабота.
 
Последно уредено:
Не ја гледав ама од ова што читам и овде и на нет ептен биле тиња.
Оваа сезона Штеген е многу паднат во форма и делува како просечен голман кој како да нема ни тронка талент во него.
Одбраната повторно е слаба, Пике е во свој филм, Матие мене ми е просечен играч во кој немам никаква доверба. На моменти ќе блесне и се губи. Маске е потрошен посебно сезонава.
Од која ја пратам Барса ова е најдосадниот среден ред оваа сезона. Не ми е јасно како Енрике го спушти неколку нивоа цел среден. На тимов му фали тип на играч налик на Ројс. Средината преку Иниеста секој подобар тренер лесно ја чита и наоѓа решение. Повредата на Рафиња ја искомплицира додатно сезонава. Додека дојде Арда да заигра мака ќе мачиме.
Единствена светла точка е нападот.
Ова е сезона со најтенка клупа. Мрчам за Бартомеу но имаше право кога кажа дека Барса ако сака успех не може да се надева само на Масиа.
Мали тимови ќе ни земаат бодови ако од јануари не се случи промена и не се крене форма, креативност и стабилност.
Неизбежно е едно или две засилувања. Но со оглед на тоа што Барса слабо купува во зима не сум некој оптимист, освен ако ова со Рафиња не ги премисли.
 
Последно уредено:
Отидовме у курац ако е потешка повредава на Меси. Под потешка мислам на минимум месец дена...
 
Ko лигаментите да беа..............ама да си го подгризам јазикот.............да се надеваме дека не е нешто многу опасно. Овие па дивјаци да му ебам, разбирам дека се мотивирани оти со Барса играат, ама дотолку.
 
Кој баксус сме пров Алба, Вермален, Рафиња па Меси па сега и Маскерано цела постава замина по вода. Коментаторо спомна дека Меси че отсуствува до 17 Октомври.:(:(
 
Како што спомна и коментаторот, среќа во несреќа е што ќе има репрезентативен фудбал во првата половина на Октомври па Меси ќе пропушти само 2 натпревари, едниот дома во ЛШ со Леверкузен а другиот на Гости со Севиља.
Со Севиља тешко ќе биде без Меси, иако не се на ланското ниво сепак против Барса ќе дадат 100% да не победат.
Кај без играчи за ротација па уште и еден куп повреди. :facepalm:
Клупата моментална ќе ни биде, Роберто, Бартра, Адријано и Матје.:popce:

П.С. Уште не се знаело за Меси.
У п.м.
 
Максимум до месец дена ќе биде аут. Среќа што има репрезентативен фудбал.[DOUBLEPOST=1443281113][/DOUBLEPOST]Циган глуп со глуп нов фриз.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom