Халилович во Спортинг Хихон е да ти е мерак да го гледаш. Одличен потег е неговата позајмица таму, игра многу, во екипа што практикува напаѓачки фудбал, можеби ќе се најдеше сега и кај нас, ама кој да знае дека Рафиња, Меси ќе се повредат толку долго.
Како се изглупираа вчера Реал...

Како што ги гледав сега утакмиците што ни следуваат, можно е до дуелот со нив да имаме водство со 3+ поени, а тогаш се враќа и Меси, супер испадна.

Серџи Роберто вчера со 5 дриблинзи единствен покрај Нејмар(7) со повеќе од 1 дриблинг и не само тоа, човекот е прероден на десен бек. Ако продолжи вака имаме десен бек за наредните неколку години, откритие на годината уште од сега.

Со сите здрави во првиот тим мислам дека одбраната треба да ни биде:
Роберто - Пике - Вермален - Алба
Ова со пеналиве мислам ќе кулминира во некоја нокаут фаза што ќе треба да се решава на пенали и сите ќе ги погодиме. Дотогаш вака ќе се мачиме, еднаш погоди, еднаш не.