Повеќе работи се поклопија вечерва за поразот, мизерната одбрана предводена од Пиќе и Штеген, голманот на Селта, па дури и немањето на среќа, овде мислам на пречката на Меси за 2-1 во 50 и некоја минута, плус немањето на играч од клупа кој ќе има некаков позитивен импакт на терен.
Далеку сме сезонава од ланскиот втор дел, у прво полувреме немаме ни гол постигнато.
Не е толку страшен поразов колку длабочина на составот. Немаме квалитетни резерви во напад и средина па на тоа и еден куп повреди.
Вермален таман сврза две одлични утакмици се повреди, Алба само една утакмица изигра, Браво повреден, Алкантара кој беше единствен каков таков играч од средина кој може нешто да изигра си еба мајката со повредата, Роберто не го ни сматрам за у средина веќе, замените во нападот со Мунир и Сандро се шта речи....
Тоа е, да се вратат повредените играчи што побрзо, да се молиме да немаме нови повреди и некако да се издржи Реал да не се одлепи на повеќе од 4/5 бода на полусезона, во вториот дел веќе друга песна ќе се пее. Ем новите засилување ќе почнат со настапи, автоматски ќе имаме колку толку ширина, ем распоредот во вториот дел ни е многу полесен за разлика од првиов кој е баш пеколен.
Лошо ни се потрефи, ем тешок распоред во првиов дел, ем слаба клупа заради банот ем повреди.