вчера - еден од најубавите фудбалски денови во мојот живот. ЛШ сама по себе е супер, но се заокружи една тројка од трофеи во тесен временски период и сите освоени со стил. во две недели направивме џандар збира на цела сезона. го чекав крајот на вчерашниот меч за да се израдувам на сите три титули.
остварувањето е епско од многу аспекти. посебно ЛШ, каде според тежината на противниците од осмина-финале до финале според мене би требало да се рачуна како две титули! сите до еден тешкаши беа убиени во поим. дефинитвно нема екипа во историја, која на овој начин и по овој пат освоила ЛШ. дефинитивно посбна тежина има овој супех
гледам има дебата, дали оваа барселона игра сама од себе, или заслуга има и тренерот.
одговорот е многу едноставен, прост и недвослмислен. се состои од три збора: тито, мамли, тата.
што не играа сами од себе против баерн прелани? или со атлетико лани?
лани игравме дома меч за титула...и го кикснавме! не ми се верува до ден денешен што пропуштивме.
ни тогаш, ни сега не играа сами од себе. играат под палка на тренер.
целокупниот учинок на екпата на крај, не е облечи копачки и да видме кој е боље. многу повеќе од тоа е. на крај тренерот е или успешен или флоп. има само еден начин на вреднување на тренерот. титули и статистика.
во ред е дека суарез и нејмар прават голема разлика поред меси, но сами од себе на врвно ниво ни една екипа не може сама да се менаџира. демек толку се добри, менаџер не е потребен. булшит.
нема што многу да се додаде. да ни се множат титулите. најглавното да не го забравиме а тоа е мотото на клубот: повеќе од клуб. како никогаш досега потврда фактичка црно на бело. не е само во титулите, него има нешто и повеќе од тоа.