Одлична утакмица на тешкото гостување кај комшиите....
Само една работа ме нервира. Значи ние навивачите на Барселона сме тешки глуперди и не знаеме ништо да цениме. Луис Енриќе иако досега одлично го води тимот, многу од навивачите не го сакаат како тренер . За мене до сега Лучо во глобала одлично се снајдува, а тоа јас само не го зборувам туку погледнете ги бројките и реалноста. Лучо е одличен тактичар, што сакате зборувајте. Кога седна на кормилото на Барса го промени целиот тренежен процес, а како на резултат на тоа до сега немаме ниту една посериозна повреда, сем Вермален кој повреден го и донесоа. Во дефанзива сме многу подобрени, еве сега и Иниеста полека ја враќа формата па и средниот ред полека но сигурно одлично функционира. Лучо е главен виновник и за малкуте примени голови од прекин, па згора на тоа и дадените голови од прекин, за кој ние не само лани и полани, туку и во времето на Пеп сонувавме. Едвај чекам да го гледам дуелот меѓу Пеп и Лучо, па да видеме кој е поитар. Но, и да победи Лучо , повеќето ќе кажат, па играчите се многу јаки , а Меси ни е тренер.....