И јас некако се тресам за двомеч со Баерн, во суштина се што победија сезонава победија дома, откако првиот натпревар не беа баш убедливи..И Пеп е голем фактор.. Но, оваа Барса не е таа истата од 2013 кога доживеавме дебакл. Презадоволен сум од тоа како денес на моменти изгледаше пресингот, пасовите и брзината на пренос на топката. Единствено ме загрижува малку тоа што како да се чувствува одреден пад на формата на Меси во последните 3-4 натпревари..Ми делува некако незаинтересирано..Можеби е само изморен. Голема среќа што Суарез, а и Нејмар се на висина на задачата во тие моменти..Едноставно нема одбрана за овие тројца..