Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
11156151_10153414151399305_6697846882807281686_n.jpg


Очекувам лесна победа денес, Visca
 
Иниеста :drk::drk::drk: Веќе почнав да размислувам за следниот предизвик...Баерн :zloo:
 
Дај боже Иниеста да ја повтори играва и на следните утакмици. Ваков Иниеста и те како ќе и биде неопходен на екипава во најважниот период што следи каде буквално секоја утакмица е како финале. Одличен беше у првиве 45 минути. Стариот Иниеста.
 
Рутинирано, без многу напрегање.
Лучо требаше Иниеста да го извади на почеток на второ чисто да добие овации за изиграното.
 
Се сложувам, со убава игра од Иниеста шансите за триплете на Енрике се одлични.

Рутиниран и на моменти досаден натпревар
 
Полабаво не паметам последниве 2-3 години да сме поминале некого.
Ждрепката во петок е?
 
Последно уредено:
Со Баерн во двомеч би било тешко , многу се добри во реваншот откога ќе те анализират , а знаеме дека Лучо и не е некој капацитет да смени нешто. Да успееме у финале да ги начекаме со добра игра во одбрана , има да ги торпедираме со оглед на тоа колку отворено играат и јуришат на голот.
 
И јас некако се тресам за двомеч со Баерн, во суштина се што победија сезонава победија дома, откако првиот натпревар не беа баш убедливи..И Пеп е голем фактор.. Но, оваа Барса не е таа истата од 2013 кога доживеавме дебакл. Презадоволен сум од тоа како денес на моменти изгледаше пресингот, пасовите и брзината на пренос на топката. Единствено ме загрижува малку тоа што како да се чувствува одреден пад на формата на Меси во последните 3-4 натпревари..Ми делува некако незаинтересирано..Можеби е само изморен. Голема среќа што Суарез, а и Нејмар се на висина на задачата во тие моменти..Едноставно нема одбрана за овие тројца..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom