Извинете шо се мешам, ама дека го спомна Пинто. Никогаш нема да заборам од муабетите шо кружат во градот. Имав 12 години, и како роденденски поклон татко ми ме однесе на стадион, да го гледаме Пелистер. 22.јули.2000. Не паметам ништо од мечот, ниту знаев играчи. Паметам само една смешна, пресмешна случка. Играја Пелистер и Селта Виго, како мислам некој вид на предквалификационо коло за Интертото клуб, чинам беше. Значи, да разјасниме, паметам дека сум бил на мечот, и ништо повеќе. Се сум научил подоцна. Имаше еден голман, кој беше на голот, не знам дали прв или втор голман, кој прими гол од повеќе од 30 метри, од косо. Во ред тоа, се дешава. На полувреме кога тргнал кон соблекувалните, еден од навивачите му дофрлил нешто, на кој овај му вратил. До толку се изнервирал што ја прескокнал заштитната ограда и тргнал да се пресметува со навивачот.. Арно ама, паднал се сопнал на трибините и изгубил 3 заби, по што морал да биди заменет. На крај, да биди уште поинтересно при давањето на помош, еден од докторите го удрил повторно во вилицата, наводно, велам наводно несакајќи со коленото (Наш доктор, Битолски, кој го видел настанот од брзата помош). По завршувањето на мечот, погоден е со лименка во глава. Полна. Е тој голман бил Пинто, кој тогаш бранел за Селта.
Приказна кажана од старите Битолчани, ама во онаков шмек. Не можи да се долови то.
Сакав само да споделам, дека Пинто зато не скока повеќе.