Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Најмалку ни требаат два нови штопери покрај Пике и Бартра.
На Пике му треба конкуренција за да го стегне газот малце, само сетете се како играше со Пујол.
Но мислам дека управата ќе донесе само еден штопер, а Маскерано ќе го гледаме пак на таа позиција. Сум против продавање на Сонг, мислењето не ми е од вечерва, Тата ептен малку му даде да игра низ целата сезона. Се надевам ќе остане.
 
Па токму тоа , со два штопери ќе добие Пике конкуренција , вака конкуренција му се Маскерано и Бартра. Се надевам ќе донесат штопер кој ќе биде столб во одбрана и нема да забегува со излети во напад а склони кон тоа се и Пике и Бартра. Тешко ќе најдеме некој како Пујол. :(
 
Тоа е тоа момци... немаше да биде незаслужено и ние да земевме титула,но не можеме да кажеме дека и Атлетико не заслужи титула.. ова е и повеќе од заслужена титула на Атлетико кој цела сезона играше одлично,немаа пораз ни од нас ни од Реал во Ла лига... впрочем ако не се лажам ние имаме изиграно 6 меча оваа сезона против Атлетико,2 во супер купот,2 во Ла Лига и 2 во ЛШ.. и немаме ниту една победа.. и имаме постигнато само 3 гола во 6 меча... 6 меча оваа сезона со Атлетико - 0 победи - 5 нерешени - 1 пораз .. и тоа пораз во најважниот меч во 1/4 финале од ЛШ.. барем не останавме без титула оваа сезона.. имаме титула во супер купот на почеток на сезона..
За наредна година најверојатно доаѓа Луис Енрике и се надеваме дека ќе биде подобро,но пак ќе кажам се додека оваа управа не се смени јас не очекувам некој подобри резултати,посебно во ЛШ.. се надевам на подобра сезона наредна година но со оваа управа сум голем скептик.. и ако има барем малце памет оваа управа мораат да направат се што е можно да го задржат САНЧЕЗ, и да се донесат барем двајца штопери..
 
Гледам медиумите пишуваат Тата освоил Супер Куп со Барса :pos: Всушност Тата не го освои тој куп, тој куп го освои Тито..Тата немаше удел во тоа..а згора на тоа ни приреди очајна игра во тој двомеч
 
Пинто брат.. Пола сезона брани човеков ЕДНАШ НЕ СКОКНА ПРИ НАФРЛЕНА ТОПКА ДА ЈА ФАТИ ЖИВА, ЕДНАШ.. Толку лош голман нема во топ 5 лиги во Европа, па и даље. За играта со нога да не зборуваме, врати му ја назад тој во аут. Да не се повредеше Валдес сигурен сум дека немаше без титула да бидиме.

Кога ќе размислам, тимови по цели сезони се бранат ние едвај 3 минути го задржавме водството во второ полувреме, едвај.

Иднината ја гледам во Бартра, Алба и Нејмар, единствени желни за успех. Околу овие играчи да се гради тим на долг рок.

Извинете шо се мешам, ама дека го спомна Пинто. Никогаш нема да заборам од муабетите шо кружат во градот. Имав 12 години, и како роденденски поклон татко ми ме однесе на стадион, да го гледаме Пелистер. 22.јули.2000. Не паметам ништо од мечот, ниту знаев играчи. Паметам само една смешна, пресмешна случка. Играја Пелистер и Селта Виго, како мислам некој вид на предквалификационо коло за Интертото клуб, чинам беше. Значи, да разјасниме, паметам дека сум бил на мечот, и ништо повеќе. Се сум научил подоцна. Имаше еден голман, кој беше на голот, не знам дали прв или втор голман, кој прими гол од повеќе од 30 метри, од косо. Во ред тоа, се дешава. На полувреме кога тргнал кон соблекувалните, еден од навивачите му дофрлил нешто, на кој овај му вратил. До толку се изнервирал што ја прескокнал заштитната ограда и тргнал да се пресметува со навивачот.. Арно ама, паднал се сопнал на трибините и изгубил 3 заби, по што морал да биди заменет. На крај, да биди уште поинтересно при давањето на помош, еден од докторите го удрил повторно во вилицата, наводно, велам наводно несакајќи со коленото (Наш доктор, Битолски, кој го видел настанот од брзата помош). По завршувањето на мечот, погоден е со лименка во глава. Полна. Е тој голман бил Пинто, кој тогаш бранел за Селта.

Приказна кажана од старите Битолчани, ама во онаков шмек. Не можи да се долови то.

Сакав само да споделам, дека Пинто зато не скока повеќе. :D
 
Некој паднал во кладилница. :icon_lol:[DOUBLEPOST=1400366389][/DOUBLEPOST]

Да не пукниш ме пресмеа , ова само ми потврди дека каква будала имаме во тим . :pos:
 
Како бе нема шанси да види, судија е тој, треба да претпостави што се случило. Да беше во ваква ситуација Реал, Роналдо на сите медиуми ќе се жалеше, а нивните навивачи овде само за ова ќе зборуваа. Пошто е за Барса, не е проблем да не оштетат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom