Управата е тапа. Назначување на тренер на кој му се мешаш во играта не носи резултат.
Тренерот е слаб мотиватор, не знае да повлече потег. Тата е тип на тренер кој само менува играч без да направи тактика и потег.
Трансферите ги сведоа на еден, само Нејмар. Заборавив и кој беше пред него купен?
Додека другите се засилуваат ние играме со исти играчи неколку години. Истите тие играчи имаат освоено се. Немаат мотивација, заморни се.
Ова е Барса со најтапа клупа. Серхи Роберто, Донгу ма немој да ме зезате. И ќоро и сакато почна да игра во една институција.
Имаме играчи кои ги гориме како Буски а денеска видов дека Сонг е сосема добра замена кој ретко добива шанса.
Имаме играч кој според мене печен е да му се покаже вратата Педро а упорно добива шанса.
Може ќе ме направите луд ама ја со две раци би потпишал Пике да си отиде. Не го можам, едноставно човекот ми е префорсиран.
Она што треба сите го знаеме: Двајца голмани, два штопери, крило и напаѓач.
Авторитет тренер на кој нема да смее да му се писне ( пример, дисциплината на Јуп, Отмар Хицвел, Липи), тренер кој ќе го укине системот на додавање пред гол наместо шутирање, тренер кој ќе ја врати играта на Ето/Анри за кога е потребно за се даде гол.
Не може бе Пике да игра напад, а да остава само Маске да брка играч. Кога играат Алба, Алвес, Пике и Маске, последниов останува сам, сите други одат напред. Глуп потег, кој доведува да се прави дупка во одбрана, брзи транзиции на противничките тимови а наше слабо враќање
Мора да се најде замена за Чави. Едноставно човекот е со врзани нозе, нема сила, го губи веќе и пасот. Може за од клупа е добар ама константно за во Лига, ЛШ, Куп не е веќе конкурентен.
Санчез мора да остане, он е единствениот кој константно се труди и ја држи неговата страна.
Нејмар ни фали тоа е факт, со него во игра имаме брзина, акции, растеретен е Меси, но тоа неговo плачење и глуматање мора престане инаку од него никогаш нема да биде играч кој ќе води тим.
Честитки на Меси за новиот договор, човекот со мислите си е во Аргентина. Заслужено за се што направи, но сакам идна сезона да ора, нека му помине светското, ама веќе редно е да се сврти каде што е потребен.
Сакам некој кој на тренинг ќе им ја вади душата, пот од очи да им тече, а не да додаваат и да играат кој ја фати топката тој во средина. Кондиционо сме комедии, денеска Атлетико не изеде.
Се надевам дека ќе се купат потребните играчи, и постепено ќе се гради нов, конкурентен тим со мотивација, воља и желба за победи и титули.
Овој тим сакале или не да признаете веќе отиде во легендите.