Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Како бе не се фаќаше? Што бараше да стои на средина на гол кога Диего со топката е десно? Од тој шут максимум корнер требаше да извлечат ако мораше да се избоксува.

Тоа беше изненаден силен шут на Диего кој патем беше неверојатно прецизен ,воопшто не е крив Пинто .
 
А виде прво кое поставување го имаше, седи на другата статива а играчот со топката на спротивната страна. Голот оди на негова душа. Имаше среќа што игравме пресинг игра и ја држевмо топката инаку уште поскапо ќе не чинеше неговиот аматеризам. При секој допир беше несигурен, среќа Виља не го казни уште на почетокот.
Како бе не се фаќаше? Што бараше да стои на средина на гол кога Диего со топката е десно? Од тој шут максимум корнер требаше да извлечат ако мораше да се избоксува.
Сетете се на голот што го прими Валдез од Карадениз против Рубин Казан. Многу слична ситуација, такви силни, прецизни шутеви тешко се фаќаат, освен ако премногу очекуваш дека играчот би можел да шутне. И Диего Лопез прими сличен гол од Габи на последната утакмица меѓу Атлетико и Реал.
 
Ахх Тата Тата, колку само можеше вечерва да имаме подобар резултат, многу подобар да не ја извадеше оваа постава. Сосема друга беше играта од кога се префрли Нејмар на неговата природна позиција и од кога излезе Цеск.
Па и врапчињата знаат дека на Кампот тројца во средината две крила и Меси централно е најдобрата комбинација која Барса ја игра успешно долги години, а не ти да ми ставаш играчи на неприродни позиции, да ставаш четворица средњаци од кој се гуши играта а играш утакмица дома каде мораш да победиш знаејки дека втората е на пеколното гостување на Винценте Калдерон.

Не критика Тата ти заслужуваш пцовки, иако никогаш не сум сакал да пцујам по тренери и играчи на Барса. Ти си еден обичен шовер кој вчера добил дозвола и одма седнал во Ферари. Сите поголеми утакмици играчите ги добија самите, самите си се мотивираа,ти немаше никаков удел таму, тебе те видовме што направи во малите утакмици каде требаше лагано да ги добиеш.

Ми го зема здравјето вечерва, вака и кога не елиминираше Челзи не се изнервирав, зашто тогаш игравме одлично, директно, со многу шанси, само пустата спортска среќа ни го имаше свртено грбот.

Вечерва ја видовме правата Барса тек после вадењето на Цеск и префрлањето на Нејмар на левата страна. Се надевам дека ова ќе биде една добра лекција зашто разликата во играта до 70-та минута и после тоа беа како црно и бело. И да, се надевам дека после сезонава нема да те гледам на клупата на Барса, без разлика дали ќе освоиме нешто или не. Ти си човек без муда, без авторитет, човек кој у минус е влезен кога се работи за мотивацијата која треба да им ја пренесеш на своите играчи. Ма марш таму од кај што дојде.
 
Живеам за денот !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!police tata.JPG
 
Ако освои 3 титули ТАТА на крај година уште ќе го пцуете?
Одговор
1.ДА
2.Да
3.Да
:cenzura:
 
А и никој не го спомна Алвес, колку мизерен беше вечерва чоече, ниту еден асален центар шут да не знае да изведе тоа за чудење
 
Прво, ако Тата почне со ист состав на реваншот, се да му ебам. Не може Цеск, Иниеста, Чави и Бускетс да играат заедно и тоа на домашен терен кога треба да победиш најмногу што можеш.
Второ, Атлетико се подобра екипа од нас. Немаат технички способни играчи како нас, ама играат со 200% од својата снага. Нема да ме чуди да се случи и да не поминат во ЛШ и да не победат последно коло и да земат Ла Лига. Свака им част, без најдобриот играч беа рамноправен играч. Ние имавме повеќе шанси, ама реагираме како мутави. Не знам, нема зборови за да се опише тоа.
Трето, за голот нема да му замерам на Пинто. Такви топки тешко се фаќаат. Силно, страшно прецизно и што е најбитно, сосема ненадејно, неочекувано.
Четврто, Бускетс и Бартра немаа загубено НИЕДНА топка!
Петто, ајде сеуште ништо не е изгубено, има реванш за 8 дена, имаме какви-такви шанси. Веќе не сме фаворити, ама знаеме да изненадиме. Прво да се заврши работата со Бетис во саботата, а после со сите сили на Калдерон да се постигнат 2 гола како знаеме и умееме![DOUBLEPOST=1396387559][/DOUBLEPOST]Има една работа. Меси на реваншот или ќе ја продолжи црната серија против Атлетико, или ќе збесне и ќе ги наполни, затоа што:

BkKnrS5CMAAkK32.jpg
 
Последно уредено:
Не памтам од кога на Калдерон сме ги прегазиле..Факт е дека се свестивме последните 20тина минути, и требаше да постигнеме уште еден гол.. Санчез направи чекор повеќе..чист гол беше тоа..Нејмар беше просечен, ама има некоја карма некоја харизма во него за големи работи..Изнуди жолти картони..пред некое коло изнудуваше пенали..и најважно постигна гол. Се виде каков мајстор е Иниеста кога се врати на својата природна позиција..Мора да стартува така и на Калдерон.. Далеку дека ова е од готово, но во голема предност се Атлетико. Колку повеќе гола постигнеме толку подобро. Се надевам ќе го има оној жар кој го имавме на крајот. Што се однесува до Меси повторно ми делуваше исппашен што е јасно со оглед на играта Атлетико..Бартра позитивно ме изненади..Пинто мислам дека немаше голема кривица за голот.. Како прво во денешниот фудбал речиси никој не се осудува да шутира од толку голема далечина што нормално само по себе е големо изненадување за голманите..Како второ мора малку да се привикне на преголемиот притисок.. Седењето на клупа и играњето во помали натпревари си го прави своето..а кога и на тоа ќе се додадат годините се е јасно.. Дај Боже да се консолидираат и со ладни глави до полуфинале! VISCA EL BARCA
 
Пинто беше крив за голот, се виде на забавената снимка, направи прво мал чекор, па дури ја процени кога да се фрли и задоцни на крајот.
Другото беше како што беше, во моментот кога го смени Нејмар, овај постигна гол, јасно како ден беше тоа. Иначе кај Тата ме радува тоа што го (најверојатно тој) охрабрува Иниеста да шутира од далеку, па во последниве кола какви шутеви извади видовме сите. Следна да излезиме со стандардна постава, без Фабре (ама апсолутно никаде да не игра), напред со Меси, Нејмар и Педро, па да ги решиме. Виска!
 
Муциња готови сте на Калдерон од пишаното не се бега! :icon_lol: Мене искрено ме загрижува резултатов. Да не се пласираат 1/2 па да остани Барса во конкуренција само за Примера. Кај Атлетико најтежок распоред па и пласирање 1/2 финале им фали.
 
Муциња готови сте на Калдерон од пишаното не се бега! :icon_lol: Мене искрено ме загрижува резултатов. Да не се пласираат 1/2 па да остани Барса во конкуренција само за Примера. Кај Атлетико најтежок распоред па и пласирање 1/2 финале им фали.

Со сета почит према теба ама гнасен тим станавте. И да се пласирате во 1/2 сигурен сум дека таму првиот натпревар има да играте без 4-5 стандардни кои сигурно и на реваншот против Барса ќе се здобијат со жолти
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom