Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Далеку е ова од резултат да се биде задоволен , освен голот Атлетико ништо не направи , а последните 25 минути можевме да ги демолираме ако тата имаше 2 неврони останати во тоа глупата глава. Не го можам буквално не го можам , до сега убедливо најслаб тренер што Барса го имала , ќе се ебам у гз денот кога ќе си оди од клубот.
 
Ќе биде пекол на Калдерон.
Не сакам Фабрегас да го видам да игра во комбинација со Чави и Иниеста.
Тата џабе гледа на саат, доцни со потези. Бартра и Маске одлични денеска.
Ако ја угушиме средината на Калдерон како денес тешко нас.
 
Што ти е Тата крив аман, демек порано против вакви бункер тимови лом праевмо. Абе ќути среќа и гол дадовме а и Санчез да не се изглупираше пред гол на крајот ќе го видеше Тата ти
 
Сега 2:2 на гости и пак со гол повеќе во гости да поминеме...
 
Одлична игра од Иниеста, Нејмар и Бускец. Солидно од Меси, Масќе и Бартра. Веројатно најдобрата пресинг игра што сум ја видел оваа сезона од Барса посебно во последните 30 мин. од мечот.

Во ваква ситуација требаше да го извади Чави речиси никваква корист од него немаме, неможе да даде некоја магична топка во напад ниту пак да пресече напад на Атлетико. Може требаше да проба Тата да го врати Меси на средина а да го пишти и Педро во игра барем во последните 10 мин бидејќи беше очигледно дека Чоло нема намера да напаѓа.

4 натпревар, 4 нерешено со 2 постигнати голови од Нејмар :)
 
Тата:cuc::cuc:
Една измена направи типот (не рачунајќи ја таа шо мораше)...Браво.
 
Како може да си дозволи Пинто таков гол да прими не ми е јасно.

Иначе Цеск и Меси играа одлично во прво полувреме, а Иниеста и Нејмар беа дупки. Во второ полувреме беше обратно...
 
Нејмар и ја го пцуев ама сите жолти картони он ги изнуди
 
Еј немојте голов на Пинто да го препишете, се фрли колку шо е долг, ја закачи, ама беше силна и прецизна. Диего голиште ни даде.
 
Алба MOTM. Никогаш нема да престанам да му се восхитувам колку многу трча човекот.

И јас го пцуев Пинто, ама реално, не се фаќаше.
 
Еј немојте голов на Пинто да го препишете, се фрли колку шо е долг, ја закачи, ама беше силна и прецизна. Диего голиште ни даде.

А виде прво кое поставување го имаше, седи на другата статива а играчот со топката на спротивната страна. Голот оди на негова душа. Имаше среќа што игравме пресинг игра и ја држевмо топката инаку уште поскапо ќе не чинеше неговиот аматеризам. При секој допир беше несигурен, среќа Виља не го казни уште на почетокот.
 
Добро е, со оглед дека скоро цела утакмица се играше без 2ца играчи. Ќе видиме дали и во реваншот ќе почнеме со 9 играчи.
 
Еј немојте голов на Пинто да го препишете, се фрли колку шо е долг, ја закачи, ама беше силна и прецизна. Диего голиште ни даде.

Алба MOTM. Никогаш нема да престанам да му се восхитувам колку многу трча човекот.

И јас го пцуев Пинто, ама реално, не се фаќаше.

Како бе не се фаќаше? Што бараше да стои на средина на гол кога Диего со топката е десно? Од тој шут максимум корнер требаше да извлечат ако мораше да се избоксува.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom