- Член од
- 11 август 2011
- Мислења
- 322
- Поени од реакции
- 446
Без Виља како шпиц и Меси позади него , и Адриано или Тељо како крила , гол многу тешко ќе дадат .Демек Алекшит хет-трик ќе даде...сезонава на Депор и на Кордоба им даде гол, утре ќе се изгуби и ќе враќа назад per usual. Уште Сеск фали во составов и ќе биде истиот како во Милано. Да не го заборавам Педро, го колнеме Санчез ама Педро му е конкуренција за Златен Опинок сезонава. За Шпанија се истури од голови давање, кај нас освен назад до Алвес не знае каде да подаде. Не дај Боже продор да направи, може некој гром да удри на Кампот.
Сеедно ми е кој ќе е составот, сите ја играат истата игра. Го имаме најдобриот играч на светот па ништо не направивме со оваа игра кога 5 противници го чуват а другите од нападот подаваат назад. Или ќе излезат мотивирани и ќе напаѓаат и играат како што треба и во тој случај и да не поминат нема да ми биде криво, или пак ќе се лигават на средината на теренот без шут кон голот и после ќе се силат на Рајо викендов.
Инаку за утре само да не ги гледам Педро , Фабрегас и Санчез па кој сака нека игра .