Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
No Messi,No Party !!!
Стварно Барса не е Барса ако не игра Меси.И 5-0 да тепаме пак не е то то.Знае да направи атмосфера во трибините со своите продори и дриблинзи.Уф како не влезе таа при шансата со Алвес комбинацијата :mad: ...
Браво за Цеск и Чави....
Комотно може да играме со резервите на гостински терен кај Осасуна,тоа беше и барањето на Пеп...
Сега чекам од Пеле некој коментар дека Меси не дава голови со гз,па да почне и тоа да го направи ;)
Честито победа....
 
Значи брачата Цеск и Лео ја решија и Осасуна. :LOL:

Не знам што да кажам повеќе освен VIVA LA DOMINACION!

Не знам ни кој да одберам за Man of the match. Сигурно еден од овие 4ца:
-Цеск, мистер Фабрегас со 2 гола и 1 асистенција, како и филигранското везење беше одличен вечерва.
-Чави, маестро Ернандез, chameleon eyes, 3 асистенции, какви топки само може да ти намести човекот, ми се чини да го викнам да игра позади мене јас ќе освојам златна копачка.
-Меси, вонземјанецот Лео. За него нема потреба да се трошат зборови. Си влезе во 2ро полувреме, си даде 2 гола, го реши овој двомеч.... Стварно имаме многу вонземјанци во тимот, како Цеск, Иниеста, Чави, Дани.... ама Меси е бр. 1. Само луд човек може да го оспорува тој факт.
-Дани, луди Бразилац Алвес :D, беше одличен вечерва, како и секојпат сезонава кога игра типично крило, без да се замара со враќање напред, каква само разлика прави во нападот.

И пак ќе кажам, ДОМИНАЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА.

П.С.

Капитенот Карлес Тарзан Пујол на сред меч изведуваше стриптиз покрај аут-линијата. :icon_lol:

1325715181766.jpg
 
Ајде честито нека ни е победата, не бев во можност за жал да го проследам овој дуел, но по видеата што ги погледнав, нема што да зборувам , ДОМИНАЦИЈА .....

Да слушнам кој е следен противник ?????? Тимот кој ако треба нема ни да постои, само ние да не сме шампиони ..... Еспањол на Cornella-El Prat , не не очекува, НИЕ ГИ ОЧЕКУВАМЕ ;)
 
Честита победа, според видеава и те каква доминација сме имале на натпреваров. Следни ни се градските „ривали“, како што погоре беше спомнато тимот што би дал се само ние да не земеме титула, а тоа го има правено во минатото. Очекувам шоу и на тој натпревар.
ДОМИНАЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА!
 
Честито победа, маестрална игра..
и еве едно видео од чичко ви Чави :)
 
Ајде момци нека ни е честито победата,одличен меч... одличен почеток на новата година:icon_lol: следен противник е Еспањол градскиот ривал кој се би дал само да не земеме ние титула,но јас мислам дека нема што да бара Еспањол на тој меч.. мој тип за тој меч 0:3:icon_lol:
 
dvajcata golemi plackovci special five i kiki nemalo da prisustvuvaat na dodeluvanjeto na zlatnata topka :pos:

Епа нема да присуствуваат ќе треба први да честитаат од мака на кики ќе му се растопи гелот пред сите:pos:
Инаку што е работава со отворениот трениг за јавноста,дали тоа ќе биде пракса или ова е само добар маркетинг на Росел ?
 
Епа нема да присуствуваат ќе треба први да честитаат од мака на кики ќе му се растопи гелот пред сите:pos:
Инаку што е работава со отворениот трениг за јавноста,дали тоа ќе биде пракса или ова е само добар маркетинг на Росел ?

Секоја година т.е сезона Барса има по еден отворен тренинг, до лани влезот беше фри, оваа година мислам дека се наплатувало по нешто симболично. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom