Ако дојде Видал а при тоа не се продаде / позајми Рафиња, ондак Денис ќе мора да го продаваат. Од една страна штета би било да ја преседи цела сезона на стадион, од друга страна сеуште може да се ќари нешто за него.
Валверде сака краток состав, не повеќе од 22 играчи. Сега за сега вака стоиме, ќе ги додадам и Видал и тој новиот десен бек Муса со прашалници, што демек утре ќе пројдел медицински прегледи.
Голмани: Тер Штеген, Силесен
Одбрана:Семедо, Муса ?, Пиќе, Умтити, Мина, Ленгле, Вермален, Алба, Кукурела (мислам за него дека се одлучија )
Средина: Роберто, Ракитиќ, Бускетс, Кутињо, Артур, Видал ?, Рафиња, Гомеш, Денис, Алења
Напад: Мунир, Пако, Меси, Марлон, Дембеле, Суарез
Тоа се 27 играчи, значи горе доле 4/5 играчи ќе мора да се продадат или позајмат.
Лично, би сакал да се продадат, Силесен ако стигне добра понуда, Мина, иако сметам дека не може да се оцени момакот од две ипол одиграни утакмици за Барса, ама би го дал за цените кои се спомнуваат, со оглед дека Барса го зема евтино, 11 милиони, а и Валверде очигледно нема доверба во него, Гомеш, Денис, еден од Пако / Мунир, како и Алења на позајмица.
Тоа се 5/6 играчи кои би де продале / позајмиле, тимот би бил составен од 22/23 играчи кои ќе конкурираат за прв тим, таман за квалитетни ротации и замени.
На хартија одличен тим, иако вака сеуште не гледам во тимот средњак способен да го диктира темпото на игра. Фино изгледа бразилецот Артур, добар пас, лесно игра под притисок, ама тоа беа пријателски средби, тешко дека од одма би се наметнал на таа позиција, да биде главен двигател на играта.
Се на се, гледајки ги појачувањата, плус ако се земе Видал, би го оценил скоро како одличен трансфер периодов.
Ова под услов да не се продава Дембеле на сметка да се носи Погба.