Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Кој им е бе филмот, само легенди и поранешни играчи на клубот да се во игра за тренерска позиција. Сите овие 4ца кандидати се поранешни играчи на Барса.
Може не се лоши тренери, ама мислам дека ни треба некој кој ќе има доста голем авторитет, од кој играчите и ќе се плашат и ќе го почитуваат. Односот тренер-играчи е најбитен. Гвардиола имаше најдобар однос со играчите од сите тренери во последните 15-ина години, затоа бевме перфектни тие 3-4 сезони.

Нам ни треба некој како Симеоне, Клоп, како Фергусон на времето.
 
Доста со Клоп, не си иде :D
Сампаоли е најдобро решение според мене, малку темпераментност да внесе во екипава, сите се коректни некако и смирени многу, посебно Енрике. Ќе дојде будалава ќе го запали цел Камп Ноу за една судиска одлука.
 
Мене Сампаоли не ми е фаворит. Не знам, некако мислам дека премногу го извикаа за кратко време. Не дека не е добар тренер, одлично ја води Севиља, туку прашање е како би се снашол во Барса. Сепак е многу поголема екипа и поголем притисок. Сега да не споредувам со Реал, ама слично беше кога тие го донесоа Хуанде Рамос. Човекот правеше чуда во Севиља, а во Реал тотално се загуби...

Мене се уште фаворит ми е Роналд Куман. Досега се покажа дека клубски легенди како Кројф и Пеп најдобро ја познаваат филозофијата на клубот и имаат најдобри резултати.

Ернесто Валверде може да биде добар избор, но сепак е ризик. Предност е што има големо искуство во Примера. Ама пак ќе речам, нема водено голема екипа и прашање е како ќе се снајде со целиот притисок. Да не збориме дека во ЛШ нема никакво искуство колку што знам.
 
Сега да не споредувам со Реал, ама слично беше кога тие го донесоа Хуанде Рамос. Човекот правеше чуда во Севиља, а во Реал тотално се загуби...
Хуанде Рамос беше назначен за тренер на Реал во декември 2008ма, веднаш после Ел Класико кое ние го добивме 2-0 (Ето и Меси ги дадоа головите, првото Ел Класико на Гвардиола како тренер и еден од моите омилени натпревари во последните десетина сезони). Тогаш Шустер си замина и дојде Рамос. Од неговиот прв натпревар, па до наредното Ел Класико, Хуанде Рамос со Реал од можни 54 освои 52 поени (на 18 натпревари, имаше 17 победи и 1 нерешено). Е после таа одлична серија го снајде најмоќната Барселона и му се случи 2-6 на сред Бернабеу, па до крај на сезоната не ни играа Реал.
 
Не знам зошто Барса не размислува за Спалети кој патем е без договор летово ако не се лажам. Спалети е човекот кој ја измисли лажната деветка или абрем ја актуелизира тој и почна да го игра Тоти како иста. Обожава напаѓачки фудбал, игра со лажни деветки и крила плус сите негови тимови сакаат да ја имаат топката во нивни посед, мене ми е како измислен за Барса.
 
Лажна 9ка Барселона играше само со Гвардиола, сега покрај најдобриот напаѓач што ќе ни е лажна 9ка?
Едино што може да се смени кај оваа Барса е да игра уште поофанзивно т.е да се смени малку формацијата во 4-2-3-1 или 4-2-1-3 со Меси позади Суарез и Нејмар и уште еден по крила.
Ништо друго.

П.С. Коа веќе кажуваме желби, мене прв ми е Сампаоли, па Клоп па Бијелса.[DOUBLEPOST=1488581746][/DOUBLEPOST]Иначе за во среда сакам ултра офанзивно...

Маскерано - Пиќе - Умтити
Рафиња - Ракитич - Бускетс - Иниеста
Меси - Суарез - Нејмар​
 
Последно уредено:
[DOUBLEPOST=1488581746][/DOUBLEPOST]Иначе за во среда сакам ултра офанзивно...

Маскерано - Пиќе - Умтити
Рафиња - Ракитич - Бускетс - Иниеста
Меси - Суарез - Нејмар​
Баш овој состав го сакам и јас(Со Тер Штеген нормално на голот). Ми се допаѓа што Енрике прави некои промени за да играме подобро и вроди тоа плод засега. Со екстра мотивација овој тим може се да постигне, па и први во историјата да свртат 4-0. Кој не верува во пресврт ич нека не гледа.

Достоинствено Луис Енрике си даде отказ, легенда е на клубот. Остави многу добри години и како тренер и како играч и секогаш ќе памтам дека заради него почнав да навивам за Барселона. Пргав, силен, многу интелигентен и како играч и тренер. Добро е што сам сфати дека неговиот циклус треба да заврши оваа година. Со Сампаоли в година сакам да почнеме нов циклус и се надевам ќе продолжи да биде Барса најдобар тим на светот.
 
Колку само е институција за секој играч што моментално игра фудбал. :oleee::oleee:
 
Интересно голче на Нејмар. Добро прво полувреме од сите.
 
Настрана нашата добра игра, Селта делува како на излет да дошле :D
Помаливе тимови не можат да го издржат темпото, со оглед на тоа што имаше вонредно коло.
 
Ау ау ау одлично играат . :oleee:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom