Ова е најважниот натпревар оваа сезона до сега. Ако вечер одиграат добро и поминат натаму, и јас мислам дека работите пак ќе течат лесно до крајот на сезоната. Нема чување резултат, мора да изиграат како првата да завршила 0-0. Мора да се оди на победа. Меси мора да се разбуди, навистина не покажува 100% откога се врати од репрезентативна пауза. Нејмар е во криза, и се надевам дека и тој ќе проработи вечер, Атлетико му лежи на него. Оптимист сум дека се’ ќе помине во ред. Само да не примат гол во првите 10 минути, зашто во таква ситуација веќе неколку пати се докажа оти паѓаат во играта.