Очигледно им падна формата. Е сега треба да се покаже Лучо колку е тренер и да ги дигне најмногу кога треба овие 2 месеци. Не верувам дека ќе ја изгубат ЛаЛига пошо треба уште 2 кикса на 6 утакмици, а плус и другиве треба се да тепаат до крај.
Прва причина за ова го гледам тоа што немаме доволно добра клупа. Само одбраната е така-така, средината и нападот се катастрофа.
Арда има креативност 0, значи он не е за оваа позиција у Бараа, жими се поправо би го стаил на местото на Бускетс да игра, и така само кратки пасови дава и трча. Тоа е од него. Он е добар ако треба да задржиме резултат и да влезе место Иниеста да изгине 20сетина мин.
Рафиња, детето не е криво, 6 месеци го немаше. Али позитивно е што се труди не се плаши.
Мунир катастрофа. Не е Барса матријал моментално. Поготово сеа покрај овие што неможе да добие на минутажа.
Без разлика што ќе се деси на крајот од сезонава, поготово ако освојат тројна (за двојна сум прилично сигурен) ја би праел чистка во тимот.
80% од играчите се исцрпени имаат секоја сезона по милион утакмици. Мора да се даде шанса на нови и млади деца. И после вакви 2 сезони што и да биде нема да биде разочарување.
Костурот би останал ист, пошо и не се толку стари со тоа што младите ќе добиваат многу повеќе шанси.
Ќе напраам еден мој состав, што знам дека никад нема да се деси ама чисто да знаете како би сакал да изгледа составот.

Само на голманската позиција сме добро покриени. И лд следната сезона сакам да ги видам во сменети улоги.
Од одбраната би ги остаил само Пиќе, Алба, Видал и можеби Вермален како 4ти штопер, пошо имам уште доверба во него. Даглас, Алвеш и неговата висока плата, истрошениот и стар Маскерано, исто и Матје, Бартра и Адриано би летале. На нивно место Маркињос, Лапорте и левото бекче од Виљареал, што не поврзуваа пред некое време.
Во средината навидум ништо не треба да се менува ама тука повеќе шанса од следната сезона треба да им се дава на Сампер и Рафиња, и да се врати од позајмица Д.Суарез. Вака на број сме многу ама некако не е таа средина што ја треба да ја има Барселона поготово и со Иниеста другата сезона на 32 години. Ако се купува тука, би го земал Верати, евентуално Кутињо или Погба. Било кој од овие е освежување и нова крв во тимот.
Нападот се знае, МСН останува, Сандро и Мунир на позајмица и само треба да се купи класична искусна 9ка што ќе влага од клупа, некој како Гомез, Ван Перси и слични... крила не би купувал пошо може да играат таму и Рафиња и Арда и Д.Суарез...
Голмани: Тер Штерген, Браво
Одбрана: Видал,
Маркињос, Пиќе,
Лапорте, Вермален, Алба и
Марин (така мислам дека се викаше детето)
Средина: Бускетс, Сампер,
Верати, Иниеста, Рафиња, С.Роберто, Раќитич..
Напад: Меси, Нејмар, Суарез,
Гомез, Д.Суарез, Арда
Не ми се смејте.
