Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Пасот на Иниеста до Суарез, кога падна првиот гол...
Ако го најде некој како гиф нека го стави тука.
Далеку од тоа дека бевме совршени вчера или пак надмоќни..Но, колку натпревари одиграа месецов? Мислам дека самиот тој факт направи некој мал замор и губење на концентрацијата во одредени моменти. Првпат по неколку сезони сум опуштен кога ја гледам Барса. Главно поради тоа што првпат чувствувам дека има големо искуство во екипата кое доаѓа до израз во вакви натпревари.. Не сме некако наивни како оние години кога игравме одлично и со Интер и со Челзи и на крај останувавме без пленот.Во нозете на овие момци има илјадници минути на фудбал на највисоко ниво, под најголем притисок. Тоа се докажа и вчера...Требаа само три допири со допката за да се матира Чех, тоа се докажа и минатата сезона со Баерн кога на крај го скршивме нивниот отпор..Ова е шампионски менталитет, и се надевам ќе продолжат вака. Коментари од типот Баерн или Реал се посилни во моментот, не би коментирал од проста причина што сите бројки и факти се на наша страна, и тоа ќе биде така се дури и го потврдиме во евентуален дуел со нив во понатамошната фаза. Сега е најбитно што Февруари помина пефректно. Одиме на Севиља и полека да запловат во нешто помирни води до новата бура и конечна разрешница.Верувам во најдобро. VISCA BARCA!