криво ми е многу што го отпишаа меси предвреме, а убаво ми е дека јас лично немав ни грам сомнеж. после вториот пенал кога го баци аблемот јасно стави до знаење многу работи. ретко прославува он така гол.
целиот негов придонес на најважната утакмица во ла лига сезонава, 1 маестрална асистенција, првиот негов гол, скоро целосно изработен од него, пак со цела одбрана на грб, пасот за пеналот над нејмар, перфекција. пеналите. начинот.
само еден ваков придонес во една утакмица, кажува кој каде е во светот на фудбалот, особено во споредба со негвиот најголем ривал.
иниеста. кажа некој погоре. сум пишал и јас се за него. немам више епитети. да зеам да се цитирам...не е само колку е умешен со топка у нозе и колку е смирен под страшен притисок, него дрскоста со која ја изразува таа смиреност, мене ми прерипува срце, бувално срцево си вика чеј да видам што ќе напраи иниеста со топката, па ќе чукам покасно...а он...си шеткара со топката мислиш дрибла копиљаци у парк. е тоа нека ми прости роналдо, 100 илјади стомачни на ден да прави...чабе.
светски првак (стрелец у финале) евопски, клубски европски, светски..неколку пати..е греота е, иниеста заслужи минимум еднаш да биде најдобар во свет. кога канаваро можеше!!
нејмар најслаб, убедливо. пеналот го изнуди, иако имаше контакт, едноставно тоа е пенал (изнуден) 24 часа. нема судија што ќе се дрзне тоа да не го свирне. освен тоа, беше мизерен. дури ни тоа не е за пофалба. се што направи му беше грешка, од кои некои скапо не коштаа. плус недисциплина, дефанзивно мизерија. лично - ме разочара.
пенлот над роналдо, и он го изнуди. поштено. зборот ми е, немам замерки на пеналот, исто секој судија би го свирнал. тоа што ние имаме паво на HD успрена од 10 агли, не значи дека и судијата има.
иниеста изнуди пенал у смисол го намести алонсо, но реално и алонсо изигра дебилно, едноставно иниеста немаше избор, беше спречен со фаул во продорот, кога викам го изнуди, тоа е затоа што да не беше алонсо, иниеста ќе мораше или да глуми (како опција) или да продолжи со чекорот. алонсо улета, му дојде како нарачан.
немам намера да оправдувам пенали, ничии, според мое убедувње пеналот над иниеста - чист фаул за пенал, кој пак за воља на вистината не секој судија би го свирнал.
првите два - реално изнудени, кој пак нема судија што не би ги свирел.
мораше да се освои бод, барем бод со ваљадолид. назад сме во игра, уште ако не се лажам 27 бода се во игра (9 кола)
плус копа дел реј финале...ништо не е готово, ќе има уште драми.
се на се: победа вредна 6 бода, меси ис бек, иниеста е класа безвременска.