Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Значи ја да сум на местот на Меси без размислување на крајот од сезоната би заминал у ПСЖ, без размислување.
Сезонава нека бутне таму уште тие 2-3 рекорди што му останаа и после у Франција, ќе си го лади у лигата, и само у ЛШ ќе си игра и ќе си бута рекорди. Освои све живо и диво што можеше и сеа човекот се чува за Светско пошо знаете ако освои дилемите дека е најдобар у историјата веќе нема да бидат дилеми. Очекувано е ова од него и од сите јаки фудбалери, се чуваат за светско. Памтете ми го зборот дека наредната сезона ќе рине. Исто така ако искочиме у ЛШ 1/4 финале пример после тоа одма ќе се "повреди" ќе се врати на последните 3-4 утакмици пред светското
 
Еј гледам сте се запнале Меси да се продаде,абе Меси има 26 години допрва ке го достигне максимумот.Не ми е јасно како може да сакате Меси да се продаде,тоа е апсурд!Многу брзо заборавате колку титули ни има овој човек донесено.Сега малце паднал од форма и ај Меси ќе го продаваме,според мене тоа е срамно за навивач на Барса да посака такво нешто.Чекајте малце ке си дојде све на свое место само ни требаат неколку засилувања и ке си дојде се на свое место.
 
@tufekciev си кажа се. Меси се чува за Светско, ова му е една од ретките шанси со таа генерација на Аргентина да дојде до титулата. Е како ќе игра после светското останува да видиме.
Малце се тапа муабетиве со продажба на Меси. Забораваме кого имаме во тим. Тешко е да си фан на Барса, не сме научени на вакви кризи и порази. :)
 
Криза е ама не е трагична состојбата, а муабетите за продажба на Меси се чиста глупост. На секој му се случува да минува низ лош период во животот па така и на него. Според мене доколку ја завршиме сезоната без трофеј најголеми виновници ќе бидат оние од раководството на клубот. Да почекаме некој месец па да судиме, како и да е треба да има големи промени предстојното лето.
 
Нормално дека никој не сака продавање на Меси..Звучи лудо нормално..Но, сите пратите модерен фудбал и треба да ви биде јасно колку еден играч може да изигра на високо ниво..3-4 сезони е максимумот..нема шанси повторно да биде истото, јас не се ни надевам бидејќи во мојот живот видов многу играчи кои се пензионираа со надеж дека ќе ја повторат формата од најдобрите денови. Меси на почетокот беше tabula rasa. Немаше ништо освоено, не беше докажан, беше помлад..замислете ја желбата која еден тинејџер ја има на тие години за да се докаже..Тој Меси со овој не можеме да го споредиме. Сега како прво е татко, а потоа се друго што можеше да се освои освои..Зошто би трчал? Ајде ставете се на негово место.. Тој е професионалец да, но не мора да докажува повеќе ништо никому. Да не зборувам за повредите и неговата физичка состојба која очигледно не иста како претходните сезони..Мислам дека сите се обидуваат да замижат пред овие факти..2 сезони се надеваме дека ќе биде пак подобар...А времето минува..Барса полека тоне..Ако знаам дека следната сезона ќе биде подобар ќе ги проголтам овие зборови и јавно ќе се извинам..Но ако не е така? Светското првенство е само изговор, дали некој сериозно смета дека Меси може со таква Аргентина до светска круна? На крајот на краиштата Барса не смее да трпи поради тоа..Ако е со такви мисли подобро нека не ја започнуваше сезоната..Бизнисот е бизнис..А фудбалот одамна е еден голем бизнис кој не трпи никакви компромиси...Времето ќе покаже кој бил во право..И дај Боже пак да се врати посилен од кога и да било..На крајот на краиштата јас сум и пак да си ја порасне косата хахаха! Тоа ќе биде лудо! :vozbud:
 
Ете пак некој во стилот ’допрва ќе го достигне максимумот’. Ајде ќе почекаме;)
 
Шо има да се чува Меси за СП, не ми е јасно? Демек, ќе го освои? :facepalm:
Со оваа генерација на Аргентина да освоиш СП, треба да си гениј. Шансите им се минимални. Има многу подобри репрезентации од нив. Ова ви го кажува фан на Аргентина.
 
Еј гледам сте се запнале Меси да се продаде,абе Меси има 26 години допрва ке го достигне максимумот.Не ми е јасно како може да сакате Меси да се продаде,тоа е апсурд!Многу брзо заборавате колку титули ни има овој човек донесено.Сега малце паднал од форма и ај Меси ќе го продаваме,според мене тоа е срамно за навивач на Барса да посака такво нешто.Чекајте малце ке си дојде све на свое место само ни требаат неколку засилувања и ке си дојде се на свое место.

Извини ама не мислам дека ќе го достигне макс. допрва.. тек сега ќе почне да губи на брзина и тек сега ќе почне да има проблеми со солидни дефанзивци... до овој период неможеше господ да го фане... од сега па натаму ќе видиш нема да биде тој шо беше.. ма да фан на меси сум , многу сакам да го видам да даде пак 90 гола во една сезона како пред 2 сезони... лудак беше:vozbud:
 
Шо има да се чува Меси за СП, не ми е јасно? Демек, ќе го освои? :facepalm:
Со оваа генерација на Аргентина да освоиш СП, треба да си гениј. Шансите им се минимални. Има многу подобри репрезентации од нив. Ова ви го кажува фан на Аргентина.
Кога можеше Грција да освои Европско со тој состав, зашо да не освои Аргентина со Меси, Агуеро, Игуаин, Димарија, Маскерано, Лавеци?
 
Затоа што Бразил не игра Европско првенство.
 
Извини ама не мислам дека ќе го достигне макс. допрва.. тек сега ќе почне да губи на брзина и тек сега ќе почне да има проблеми со солидни дефанзивци... до овој период неможеше господ да го фане... од сега па натаму ќе видиш нема да биде тој шо беше.. ма да фан на меси сум , многу сакам да го видам да даде пак 90 гола во една сезона како пред 2 сезони... лудак беше:vozbud:
Има уште добри 4-5 сезони да почне да губи од брзина,од 26 до 29год би требало да го достигне врвот,барем тоа е непишано правило кај фудбалерите.А и да изгуби од брзина и да падне од форма како што викаш,може комотно да игра средина и верувај дека и на таа позиција ке биде најдобар.

Нормално дека никој не сака продавање на Меси..Звучи лудо нормално..Но, сите пратите модерен фудбал и треба да ви биде јасно колку еден играч може да изигра на високо ниво..3-4 сезони е максимумот..нема шанси повторно да биде истото, јас не се ни надевам бидејќи во мојот живот видов многу играчи кои се пензионираа со надеж дека ќе ја повторат формата од најдобрите денови. Меси на почетокот беше tabula rasa. Немаше ништо освоено, не беше докажан, беше помлад..замислете ја желбата која еден тинејџер ја има на тие години за да се докаже..Тој Меси со овој не можеме да го споредиме. Сега како прво е татко, а потоа се друго што можеше да се освои освои..Зошто би трчал? Ајде ставете се на негово место.. Тој е професионалец да, но не мора да докажува повеќе ништо никому. Да не зборувам за повредите и неговата физичка состојба која очигледно не иста како претходните сезони..Мислам дека сите се обидуваат да замижат пред овие факти..2 сезони се надеваме дека ќе биде пак подобар...А времето минува..Барса полека тоне..Ако знаам дека следната сезона ќе биде подобар ќе ги проголтам овие зборови и јавно ќе се извинам..Но ако не е така? Светското првенство е само изговор, дали некој сериозно смета дека Меси може со таква Аргентина до светска круна? На крајот на краиштата Барса не смее да трпи поради тоа..Ако е со такви мисли подобро нека не ја започнуваше сезоната..Бизнисот е бизнис..А фудбалот одамна е еден голем бизнис кој не трпи никакви компромиси...Времето ќе покаже кој бил во право..И дај Боже пак да се врати посилен од кога и да било..На крајот на краиштата јас сум и пак да си ја порасне косата хахаха! Тоа ќе биде лудо! :vozbud:
Како бе еден играч може 3-4 години да игра на високо ниво?Не можам да те разберам,што сакаш да кажеш.Има безброј играчи што играат долги години на високо ниво.Еве Чави,Ибра,К.Роналдо земи ги за пример(7-8 години се во врвот)па не се тие подобри од Меси
И Барса не тоне.Како може да тоне кога секоја година земаме по некоја титула?Можда сме во мала криза али далеку од тоа дека Барса тоне.Па неможе цело време да сме најдобри,има и други тимови кои играат фудбал.Ке се средат работите,верувај не е така лошо како што мислиш ти ;)
 
20140310-1394396912229.jpg
 
Абе какво продавање на Меси.
Низ нос ќе им излезе каталонскиот проект со дечурланата кои демек пораснале со тики-така системот наместо да се купуваат солидни играчи за клупа.
Клупата ви е лоша, одбраната плукни-залепи, во средина треба свежа крв.
Поминуваше тој проект кога Шпанија ги имаше најдобрите играчи и таленти од цел свет. Сега кога Германија е број 1 во играчки квалитет, треба да ви се сменат трансфер приоритетите.
 
Можда се чува за светското али како што пиша некој погоре , шансите се минимални. Бразил според мене фаворит плус домашниот терен , втор конкурент ќе биде Германија. Шпанија ќе биде од сенка , најчесто ќе игра на стара слава али ако земеме во предвид дека пола тим им е од Барселона , а знаеме каква сезона има Барселона , не очекувам многу од нив. Уште сеа ми се спремни 500 евра за Бразил , очекувам 6та светска титула. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom