Пеп во последната сезона беше на -10 од Реал, во сезоните кога доминиравме макисмално. Тој ни беше репер за доминација. Тата прва недела е на -4, паѓање во транс.
Тито беше на +16! од Мурињо...
Не е фер ова што му го прават на Тата, за кој имам добро мислење, мислам дека е супер тренер, иако нема харзима, единствено не мислам дека Барселона е добар клуб за него. Нема шанса да се докаже. На сред сезона да го мењаат? Кога сеуште сме во игра за 3 трофеи? Безвезе жими се.
Реално , со сите плусови и минуси, мислам дека освен реал, најдобра екпиа имаме. Да почекаме да видиме. И да не се освои тоа што сакаме, па не е крај на свет. Полека ќе се смени екипата, не може преку ноќ. Го бркаме Чави, а не сме свесни каква легенда е, една од најголемите во историјата на Барселона, можеби најдобриот шпански фудбалер, кој освои се што може да се осови на импресивен начин. Полека, се ќе си дојде на свое место. Го тупи да, ама имајте трпение и почит. Треба да разбереме дека де-ен-ка на екипата е да се брани со посед. Негова задача е тоа. Не на Пике и Масче, туку на Чави. 15 мин да убие со посед, се 15 мин кои инаку би требало да ги браниме. Екипата не е дизајнирана за одбрана. Кога би била, нема да ги имаме Чави, Иниеста, Фабре, Буски, Педро, Алба, Пике...кој од кој по мекуш. Задача им е топка у нозе!
Сезоната е во тек, сите можни трофеи можат и да се освојат и да се изгубат. -4 се многу, ама и не се. Има шанси, иако и со еден од ЛШ или домашно би бил презадоволен.
Да, интензитетот е изгубен, агресивноста, прецизонста, перфекцијата...ама не ни очекував тоа да трае вечно.
Да и Меси не е оној на кој сме навикнати, но и тоа е нормално, посебно после се што го спотера на приватен план, и со повреди. Дали е готов? Не. Апсолутно. Не дека не сакам да си признаам. Според мене лудост е да помислам дека Меси е готов после само неколку месеци пад на форма поради бројни причини, вон и на терен.
Имаме генијалци во екипа, не ги отпишувајте пред време. Се е можно оваа сезона.