Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Извини ти си стручњакот и чим ти така велиш ок така нека е. Плус не го споредив Клоп со Артета туку кажав дека кога дојде ни он не имаше успешна сезона иако имаше претходно и тоа добро искуство. И не викам дека Артета е подобар може ќе е можеби не ќе покаже времето ама ти како стручњак се процени исто како Невил си со неговите стручности.Многу и му се смееја на Клоп дека не му е ова дортмунд итн.

И уште нешто не тврдам дека Артета е супер има многу киксови но почекајте дојде после пола сезона каде претходно 2 се сменија он беше трет, се случи корона не се ни тренираше заебан трансфер период и ти се процени.

А за соблекуална не се мисли за твое инфо местото каде се пресоблакаат туку општо за односи ван натправарот. Ако не читаше меѓу редови со твитери што се дешаваше тогаш не коментирај.

П.С. уште еднаш не велам дека е најдобар тренер туку дека после сите работи што се случија мислам дека треба да му се даде шанса. Стварно најтоксична фан база имаме, после победа најдобри после пораз да ти се одмили да прочиташ на темава....
 
[emoji3]
69e88f61962dfbd83334a9bc38c7fbfa.jpg

Sent from my SM-A405FN using Tapatalk
 
[emoji3]
69e88f61962dfbd83334a9bc38c7fbfa.jpg

Sent from my SM-A405FN using Tapatalk
Легендарна четворка, после и Кион на местото на Болд исто одличен. Тука сме добиле и прекар booring booring Arsenal, бидејќи одбраната била коска, а нападот сме се потпирале на Рајт ако истрча во празно, доста неатрактивен фудбал сме играле без течни акции и премногу креативни решенија, се тоа масивно се менува со доаѓањето на Венгер, останатото е pure art.
 
Интересна постава, да видеме што ќе покаже Одегард, штета што Пепе го седна на клупа, фаќаше форма.
 
Холдинг? :)

Не знам зашто е седнат на клупа
Ауу па тоа е најлогичната замена, човекот игра све и свашта. Едино за мене е Пепе-ЕСР, ама еве Артета што има да каже за тоа
Автоматски споено мислење:

Што му е на Артета со составот..
Ете што му било :D :D
 
Последно уредено:
Составот е одличен, редно време беше Обамејанг да се проба пак најистурен напред бидејќи доста се паузираше, а лани на таа позиција газеше, па логично беше кога тогаш да се врати човекот, веројатно нема фудбал заборавено скроз. Пепе имаше црвен минатата со Лидс, па Артета процени дека е идеално време амф да се проба Одегард. Јас сум многу задоволен, сите фудбалери играат пасови на прва, атрактивен фудбал, не сме најпрецизни секогаш во пасовите, ама идеите се оган и пламен.

Само да кажам дека првиот пенал што беше поништен не е пенал точно. Ама да беше обратно и Луиз да направеше пенал, ќе беше одобрен и од судијата и од ВАР и од кралицата. Не го разбирам критериумот, па милион помеки пенали имаше сезонава, или ќе играме балет или ќе играме машки фудбал.
 
За помал контакт ни свирнаа и му дадоа црвен на Луиз. Константност 0.
 
За помал контакт ни свирнаа и му дадоа црвен на Луиз. Константност 0.
Е да и тоа сакав да кажам, тука од старт нема картон, за Луиз само ќе беше дилемата дали е жолт или црвен, тоа ќе гледаа, а не дали е пенал. Очекував подобро, ама со ВАР дури и на полошо отиде работава со пеналиве, па и со офсајд со цртежите...
 
Што немојте, најинтересен натпревар на Арсенал сезонава, како и да заврши, ова е уживање, вака да играме секој ден. Е сега нема секој ден да имаме голмански противнички грешки, да ни дадат ветер во грб, ама и пред тоа од старт ги насамаривме, тргнавме без резерва. Браво, ептен сум среќен од прикажаното.
 
Среќа чист пенал не им свирнаа, иначе друг ќе ти беше муабетот кога ќе беше 4-4/4-5
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom