Ај како прво нека ни е честито одличната игра на целокупниот тим, посветеноста, концентрацијата и мотивацијата на ниво ни донесоа 3 бода. Следење на играчи до крај , ниту еднаш не успееа да направат вишок играч преку бековите, поради одличните Ох и Алексис во дефанзива, а и кога не успеваа да се вратат на време, Санти/Аарон ја пополнуваа таа дупка.
Денес игравме 4-1-4-1. Озил поради слабиот физикус ,односно слабата игра во дефанзива, не се вклопува во овој систем, ниту пак Тео. Многу повеќе одговара со Санти и Окс да се игра ,бидејќи се многу поквалитетни во одбрана од нив.
Санти не игра 10ка последниве утакмици , туку баш игра б2б заедно со Аарон , и си ги менуваат позициите.Не само што одлично успева се справува со пресингот на нашата половина и ги креира тој тие контри и полу контри, на мене ме импресионира и дефанзивата која ја игра во последно време, успешни стартови одземени топки,пресекува акции. После неколку одиграни утакмици головите шо ги постигна,му се врати самодовербата, контролата на топката му е перфектна.
Кокелан изигра ѕверски , му дишаше во врат на Силва, секоја дупка ја затвори , безброј успешни стартови , ме изненади што беше одличен и во воздушните дуели.
Белерин се посигурен од утакмица во утакмица , покажува зошто Венгер има доверба во него и го пушти Џенкс на позајмица.
Оспина сигурен,верувам дека ке го задржи местото и за следниот натпревар(ООООООООООООООООООООООООООООООСПИНА ,јакичко ми е

)
Аарон се виде дека му фалат утакмици во нозе, на моменти премногу размислуваше, како да немаше самодоверба во себе , а и кога сте виделе да го фатат грчеви на него, истрча доста , му требаат 2-3 утакмици да сврзе , ќе си дојде претпознатливата игра.
Кога ќе играме со 4-2-3-1 формација Озил сигурно ќе биде 10ка, ке ротира со Санти на моменти, како лани, но пак мора да биде подрзок при пресингот и поцврст во стартовите во дефанзива.За офанзивните квалитети нема што да се коментира,знаеме дека се на врвно ниво. Со Тео и Велбек како шпиц ,ќе го видиме најдоброто од Озил. Санчез повеќе му одговара играта со Санти, Жиру, Росицки кои играат кратки дупли пасови, а и овој ја сака топката во нозе и да дрибла одколку да се уфрлува во празен простор како Тео и Велбек.
Добро е што имаме повеќе опции и план на игра,бидејќи како што беше порано, имавме само план А и ако не успеваше тој , тешко доаѓавме до победа, така зависно од противникот и ситацијата , ќе може да се прават различни формации, рокади, измени .
Од вчерашната утакмица не ми се свиѓаше тоа што малце подзаспано влегоа во второ полувреме и незнаевме како да се справиме со Јоветиќ во првите тие 10 минути , кога и на неколку пати Сити имаа полу контри 4 на 5 и 3 на 4...што при водство не смее да се случи во никој натпревар ,а не па во вакво дерби. После тоа се консолидираа и ги затворија сите можни премини

Да се купи централен дефанзивец обавезно мора, Рид е одлична опција а мислам оти за некои 6 милиони ќе може да се купи.
Толку од мене ,ако ми текне уште нешто..пак ќе пишам

Да ни се множат победиве.