Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
А бе не викам дека тоа на Кејхил не е за црвен. Али Чејмбрс скрца втор жолт кога го сруши Шурле.
Уште една компензација,тоа беше чист жолт но неможеше да даде втор жолт пошто првиот жолт на Чејмберс беше живи комедии го доби за старт со рамо на средината од теренот.За мало оттурнување со рамо жолт картон а за отворен ѓон во коленото истотака жолт картон.Страшен критериум.
 
Уште една компензација,тоа беше чист жолт но неможеше да даде втор жолт пошто првиот жолт на Чејмберс беше живи комедии го доби за старт со рамо на средината од теренот.За мало оттурнување со рамо жолт картон а за отворен ѓон во коленото истотака жолт картон.Страшен критериум.
А Кошелни за стартот врз Хазард? Сам ќе излезеше пред голманот 1 на 1 - чист црвен. И не, Гибс не беше последен играч, Гибс беше десно и оддалечен од Хазард го покриваше Шурле.
 
Ама зашто го тупите со другите стартови кога прво Кејхил требаше да добие црвен.

Од кај знаеш како ќе се одвиваше текот на натпреварот?

Првата грешка што ја направи Еткинсон можеше многу да влијае на текот на натпреварот, он ја утна таа одлука и може после компензираше што е тотално погрешно.
 
Зотшо ме мрзи сега да напишам еден поголем пост за судиските одлуки,не некој криви дрини без врска управуваат.
И чесно и нечесно и со судии и без судии и со 100 гола разлика и со 1 гол Челзи доби 3 бода.
Затворете ја темата,знаеме сите што е и како е,иако некој и инат води.

Индивидуалните грешки,прекините на противникот,не добро изведуваните корнери и слободни удари,мотивација,нешампионскиот/непобедничкиот дух и менталитет,некогаш лошо поставената тактика,многуте повреди,докторите,инатот на одредени личности во клубот,трансфер маркетот се работите кои треба Арсенал како клуб да ги совлада за да гледаме Арсенал како што треба,непобедлив,2ни круни,ебање на Олд Трафорд и Енфилд и ко по навика Вајт Харт Лејн и Бриџ.[DOUBLEPOST=1412554222][/DOUBLEPOST]Арсенал - Хал
Сандерленд - Арсенал
Арсенал - Барнли
Свонси - Арсенал
Арсенал - М. Јунајтед
ВБА - Арсенал
Арсенал - Саутемптон
Стоук - Арсенал
Арсенал - Њукасл
Ливерпул - Арсенал
Арсенал - КПР
Вест Хем - Арсенал

Со оглед на досегашните киксови,слобода на кикс смеат да имат само против Ливерпул и тоа нерешено.Ова се мора да се победи.[DOUBLEPOST=1412558237][/DOUBLEPOST]Кедира договорен за во Јануари?[DOUBLEPOST=1412558440][/DOUBLEPOST]Кедира договорен за во Јануари?
 
Последно уредено:
Да речиме дека имавме тежок распоред (Сити, Челзи, Евертон, Тотенхем) е само да бараме причина за нашиот неуспех. Нема да биди така. Ќе речиме дека следните мечеви, се до гостувањето на Енфилд во средина на декември се мечеви кои мора да ги добиеме, вклучувајќи ги и и мечевите со Андерлехт дома и гости и Дортмунд дома во ЛШ. Ако сакаме да влеземе во серија ова е тој период, но не смееме да излеземе од ритам. Волкот се враќа, а можеби и Артета. Со ова Арсенал ќе добие на димензија каде Санчез ќе си игра лево, а Тео десно со Озил као поддршка за плеј. Кога ќе се врати Ремзи тој ќе биди тој бокс 2 бокс плеер. Мислам дека ќе купиме и нешто во јануари, но Жиру и Дебуши тогаш ќе ни бидат двете најголеми засилувања за тимот.

Единствена добра работа е што ова ни се случи на почеток, па имаме отворено поле за подобрување. Не ни се случи во февруари како и секоја година кога право на грешка немаме. И не е се така сиво. Како што вика @Carter оптимисти сме. Шо навивачи сме ако после изгубена битка ја предаваме војната. 7мо коло е, но мора да се работи на тимот. Овие две недели пауза дојдоа во најддобар можен период.
 
Епа ај да го избркаме Венгер и демек со тоа магично следниот што ќе дојде ќе потроши 200 милиони и ќе се среди све?

Потфрлија играчите вчера, јебига. дербиво го изигравме многу подобро него сите оние прошлата година, пеналот не среди и тоа е тоа.
 
M0fIpaC.jpg



Xvl6L8L.png



:LOL:
 
Играта беше добро поставена реално ни Челзи не се изнаправија шанси. Добија пенал и се затворија и чекаа шанса за контра и го искористија тоа благодарејќи на класата играчи што ги имаат. Реално иако на гости кај Челзи дечките почнаа одлично и добро ја контролираа играта, нијанса одлучуваше. Проблем е што имавме многу нерешени па затоа некако како да бевме очакни за овие бодови, поточно немаме веќе простор за киксеви.

Едино не ми се свиѓаше замената на Казорла кој реално кога игра по средина има одлична контрола. Озил според мене има псишички проблем нема менталитет да се изнервира и да се распука туку ќе му влезе нервоза и почиња да се губи. И да градење на топко има 0. Не само денес сум приметил кога некој поснажен ќе му дојде обавезно му ја земаат доколку го подгурнат малку. Па или цврсто застани или изнуди фаул.

Искрено не сум разочаран и сигурен сум дека да немавме киксови со нерешените претходно многумина немаше да пцуат после овој пораз, туку се насобра се па мора да се издуваме.
 
Мене кажав и претходно не ме боли толку овој пораз. И се согласувам со @warmaster погоре, на сите наши недостатоци овојпат се гледаше дека се обидуваме да направиме нешто различно, пред пеналот Челзи немаше никаква шанса, немаве ни ние, јасно беше дека одиме на бод евентуално на победа ако ни се укаже шанса, дури ни после тоа Челзи немаа шанси, напротив автобусот беше паркиран уште на почетокот на второто полувреме, но една контра логично пошто сите наши играчи беа напред и после беше готово се, остантите прилики од 2-0 на Челзи не ги рачунам, тука веќе целиот концепт се распадна. Судењето не го коментирам, уште од почеток се изместија критериумите и секој шо вика дека играчи на Арсенал требало да добијат црвен, по тој критерум многу порано од нив и играч на Челзи требаше истото да го снајде.

Но и вчера кажав, мора да се направи серија, овој пораз изгледа полош оти немаме никаква константост, еден куп нерешени, по некоја победа измеѓу, многу често лоша игра, многу повреди, паузата добро ќе ни дојде, една серија од барем 5-6 утакмици со победа оти вака и играчи не можат да се искажат и разиграат доволно, и да не се лажеме, не е оправдување распоредот, но не можеме да го негираме фактот дека имавме доста јаки противнци овие први неколку кола.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom