Не го разбирам Венгер понекогаш, како може во ист тим како стартери да бидат Озил, Казорла и Вилшир, не може. Зошто не играше Окс од почеток да имама вистинско крило, него пак го напика Озил на крило и норамлно ништо не направи овој. Нема логика формациска и било каква друга.
Туку го гледам распоредот, по паузата за репрезентации мора да се победуваат утакмиците, доста е веќе нерешени еден куп, добро е што ќе се врати Тео и се надевам нема да се повреди пак и ќе ја врати старата форма брзо, со него нападот ќе има целосно нова димензија. Ако сакаме да останеме колку толку во трка за титулата и во добра позиција за топ4 пласман мора да се насоберат бодови во овој релативно „полесен распоред“ (иако во лигата нема лесни утакмици), кисково признавам само со Стоук и Ливерпул у гости и Јунајтед дома, се друго ќе биде веќе лошо. Оти осеќам трката за топ4 ќе биде најтешка досега и ние, Јутајтед, Ливерпул па дури и Тотенхем до крај ќе се бориме во неизвесна трка за топ4.