Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Озил има повеќе слобода и игра поофанзивно од Фабрегас у Челси, лоша споредба секако.
 
Oзил на крило?

Ако го играат него на 10-ка, еден од навалната линија мора на клупа.

Озил 10ка и или Џек или Ремзи ќе играат, пошто двајцата заедно се гушат.

Озил во средина е далеку попродуктивен од Озил на крило.
Башка и дефанзивата така е подобра пошто и Волкот и Санчез се враќаат назад да покријат.
 
На почеток Фабрегас играше у линија со DMF како Диаби, Сонг и Силва, покасно беше прекомандуван у 10тка.

До кај 20/21 година го шетаа низ средината, кога беше Виера во екипата играше ЦМ или крило во 4-4-2 формација, од кога си замина Виера играше б2б заедно со Фламини, и двајцата беа б2б само што Фабре беше креативецот , а Фламини дефанзивен штит.Од понаредната сезона стандардно си играше АМ во 4-5-1 формација, без потреба да се враќа во дефанзива, тогаш почна и по 15 гола во сезона да дава.:)
 
Венгер сака сите да му се универзалци и кај и да ги стави тие да се снаоѓаат. Како Озил на крило, Алексис десно/лево/напаѓач, Окслејд како крило или централно низ средина, Волкот крило и напаѓач... Сака такви играчи шо не се ограничени и можат да играаат секаде. Амбициозен проект, но мислам дека ќе се снајдат за некој период и дека кога тогаш ќе почне да функционира перфектно. Се надевам ќе почни уште на Бриџ.
 
Денес му е роденден (34) на Росицки - Тhe Little Mozzart
Нека ти е среќен ЛЕГЕНДО :cuc::cuc::cuc:[DOUBLEPOST=1412448923][/DOUBLEPOST]п.с
Joey Barton - Тhe current Arsenal side has no spine or character
https://pbs.twimg.com/tweet_video/ByNRnh2IcAAVK9F.mp4
:X3:
 
Ќе победи ли конечно стариот против специјалниот? Редно е веќе.
 
BFG vs. Коста...и Фламини у тим...тешкооо,многу тешкооо
 
Што знам, мене баш добро ми изгледа вака составот. Одбраната се стартерите, со исклучок на Дебуши ете, ама и Чејмберс е добар. Ако не го ротираат Шурле или Фабре по десна, таму е безбедно. Средина Фламини и Џек барем знаеме дека ќе бидат агресвини, а нападот се гледа дека е поставен за брзи контри. Ќе биде тесна :)
 
Редно време е Чејмберс да го постигне првиот гол за Арсенал :)
 
Добар тим, но ништо тоа не значи во вакви дуели, Челзи се големи фаворити, да се надеваме на едно убаво изненадување, немам некои очекувувања од натпреварот, реков и претходно оваа е најтешката утакмица во целата сезона.
 
Не ми се допаѓа тоа што еден од Озил или Санти ќе игра на крило,исто така очекувам и многу лоша игра од Фламини...Дај боже да не сум во право и да извадиме поволен резултат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom