Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
1486802_10151897273997713_987027022_n.jpg



1469857_10151897273987713_1186183338_n.jpg



1476555_10151897274262713_1978920186_n.jpg
 
Ај да си бидеме скромни како шо си бевме до сеа, без дигање во облаци, полека но сигурно... :D
Стануваме екипа која рутински ги тепа послабите, за разлика од претходните сезони кога едвај чекавме свирката за крај.

Денес Начо, Ремзи и Озил фантастични. За левата бековска позиција иаме конкуренција, што е одлично за целокупниот квалитет на екипата.

Живееме во период на Озилизам и Ремзизам. :D
 
^Наредна утакмица ке биде многу тешко,ке мораат да бидам многу сконцентрирани,да не се прават грешки и шансите што ке ги имамем ке мораме да ги искористиме (y)
 
Монреал треба да стартува повеќе,мене ми изгледа подобар од Гибс.
 
Само да ве потсетам да не заборавите дека помеѓу тие 3 натпревари во ПЛ играме и со Наполи на гости што е одлучувачки натпревар за пласман понатаму...
 
Значи мора да ги тепаме сите дерби натпревари на домашен терен ако сакаме да останеме на врвот и да бидеме претенденти за титула. Значи победи над Евертон и Челзи на домашен терен се must win ситуација, затоа што да не заборавиме во вториот дел на сезоната играме на нивен терен така да можно е таму да се губат непотребно бодови, затоа е многу важно со што повеќе поени разлика да влеземе во вториот дел на сезоната.
 
6 бода во следниве 3 натпревари и најмалку нерешено со Наполи е одлично подобро да загубиме една да земат 2 што се 6 бода отколку да извадат две нерешени иако овие натпревари се токму оние каде шо треба да се истакнат големите амбиции за оваа година и да се види колку се зрели всушност да ја освојат ПЛ
 
Знаете како ? Низ годините вп ПЛ се покажало дека шампион е оној кој победува со малите тимови. Знам еднаш имавме перфектен скор против големите тимови, али Хал не победуваше на Емирати. И слични нискобуџетни тимови. За разлика од тоа, Јунајтед пак кога освојуваше знаеше да изгуби од Ливерпул со по 1-4 дома, и 2-0 на гости и пак беше пред Ливерпул во ерата на Рафа Бенитез. Губеше и од Сити со по 6-0 дома и на гости, али во последната минута од ПЛ ја изгуби титулата. Шампион е оној кој победува против малите тимови и кој има перфектен скор против нив

Од ова коло, по малце статистика од моја страна во пресрет на дуелот кој следи од тековното коло:

На последните 10 меча на Емирати и Гудисон, Арсенал победил 6 пати и имал 4 нерешени. Арсенал нема пораз во последните 10 меча меѓу овие два тима.
Последниот меч на Емирати се одиграл на 16ти април 2013 и завршил 0-0.
На последните 5 меча се постигнати 7 гола, 5 за Арсенал (Аршавин, Косиелни, Вермален, Волкот и Ван Перси) и 2 за Евертон (Саха и Фелаини).
Во последните 5 мечеви немало пенали.
Севкупно се постигнати 112 голови, 82 за Арсенал и 33 за Евертон.
Евертон е екипата против кого тимот на Арсен Венгер има најдобар скор во историјата на ПЛ, Арсенал има 27 победи во Премиер Лигата, а 12 мечеви завршиле нерешено. Евертон има две победи.
Севкупно на домашен терен Арсенал има 63 победи, 15 мечеви завршиле нерешено и 16 победи за Евертон. Евертон последен пат победил на Хајбери во сезоната 95/96 со 1-2.
Арсен Венгер како менаџер на Арсенал нема пораз од Евертон на домашен терен во историјата на ПЛ.
11ти мај 2005та година Арсенал ја има има највисоката победа над Евертон од 7-0 со головите на Пирес, Анри, Беркамп, Виеира, Љунберг и Фламини. Од сите овие, сами Фламини е сеуште активен играч на Арсенал.


Извори: http://www.premierleague.com/en-gb/matchday/matches/2013-2014/epl.html/arsenal-vs-everton
http://www.arsenal-world.co.uk/head_to_head/arsenal/vs/everton/index.shtml
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom