Знаете како ? Низ годините вп ПЛ се покажало дека шампион е оној кој победува со малите тимови. Знам еднаш имавме перфектен скор против големите тимови, али Хал не победуваше на Емирати. И слични нискобуџетни тимови. За разлика од тоа, Јунајтед пак кога освојуваше знаеше да изгуби од Ливерпул со по 1-4 дома, и 2-0 на гости и пак беше пред Ливерпул во ерата на Рафа Бенитез. Губеше и од Сити со по 6-0 дома и на гости, али во последната минута од ПЛ ја изгуби титулата. Шампион е оној кој победува против малите тимови и кој има перфектен скор против нив
Од ова коло, по малце статистика од моја страна во пресрет на дуелот кој следи од тековното коло:
На последните 10 меча на Емирати и Гудисон, Арсенал победил 6 пати и имал 4 нерешени. Арсенал нема пораз во последните 10 меча меѓу овие два тима.
Последниот меч на Емирати се одиграл на 16ти април 2013 и завршил 0-0.
На последните 5 меча се постигнати 7 гола, 5 за Арсенал (Аршавин, Косиелни, Вермален, Волкот и Ван Перси) и 2 за Евертон (Саха и Фелаини).
Во последните 5 мечеви немало пенали.
Севкупно се постигнати 112 голови, 82 за Арсенал и 33 за Евертон.
Евертон е екипата против кого тимот на Арсен Венгер има најдобар скор во историјата на ПЛ, Арсенал има 27 победи во Премиер Лигата, а 12 мечеви завршиле нерешено. Евертон има две победи.
Севкупно на домашен терен Арсенал има 63 победи, 15 мечеви завршиле нерешено и 16 победи за Евертон. Евертон последен пат победил на Хајбери во сезоната 95/96 со 1-2.
Арсен Венгер како менаџер на Арсенал нема пораз од Евертон на домашен терен во историјата на ПЛ.
11ти мај 2005та година Арсенал ја има има највисоката победа над Евертон од 7-0 со головите на Пирес, Анри, Беркамп, Виеира, Љунберг и Фламини. Од сите овие, сами Фламини е сеуште активен играч на Арсенал.
Извори:
http://www.premierleague.com/en-gb/matchday/matches/2013-2014/epl.html/arsenal-vs-everton
http://www.arsenal-world.co.uk/head_to_head/arsenal/vs/everton/index.shtml