Makedonec_7 Да ја завршиме сезонава и да видиме како ќе изиграме. Ова треба(ше) да биде „нашата“ сезона. Сите сменија тренери, нови играчи, неуиграност...додека Арсенал навистина имаше буџет за засилувања, остави до сам крај да го земе Озил (што веројатно беше последица на доцниот премин на Бејл во Реал Мадрид, во спротивно може и порано ќе се реализираше - Леви! Гризни си од к****!), земавме млад француски играч и еден искусен дефанзивен среден кој може да покрие и бековски позиции.
Пазарот заврши, тоа што имаме, тоа е. Штета што се повредија Окслејд и Подолски, со враќањето на Вермален и тие двајца, и Господ на помош кај Дијаби, ќе имаме и солидна и искусна клупа за да се покриваме при густи распореди.
Мислам дека четврто место веќе не треба да ни биде еден оптимум, туку нешто што ни е загарантирано како клуб, а интенцијата да е титула (без МикиМаус), барем еден ФА куп за почеток, а зошто да не и борба за титула. Ќе се согласам со
Ace-Snake дека ако нешто направиме треба да му се продолжи на сезона две и да не се опушта многу. Да му се даде до знаење дека пари има, и нека купи некој играч готов (комплетен) и мислам дека ќе се бара напаѓач доколку има можност за некое големо име (Суарез, Бензема...).
Да се крстам во Венгер, не се крстам, но верувам дека е квалитетен тренер и дека знае што треба да се направи, а сега ќе ги има и ресурсите за тоа. Така да, засега гласам да остане барем до летово а понатаму во зависност од резултатите.