Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Златно дете како Подолски прашина да фаќа... и пак наредна на клупа ќе седи.
Него Волкот да не игра доџбол (или како и да се викаше) против голманов на Фулам ?
 
Браво, одличен натпревар, Ремзи ,Санти, :cuc::cuc: Не дека само они денес беа добри, сите до еден солидни. Војче и одбранава одлична. Сања изненадува, неверојатно колку добро се снаоѓа на таа позиција.
Добро е дечки, сега уште еден два играчи и ќе бидеме топ.
Мерак ми се напраи денес оф оф оф. Башка наредната играме против чикенсот.Ауууу има да пука петарда осечам :cool:
 
Добро е добро, одлична игра, се нервирам кога така ќе примиме гол од никаде, но во секој поглед убава игра, убави контри, а најзаслужен за тоа е Санти, и треба да си игра во средина, а ние да си купимне неколку играчи оти шо би рекол Венгер, ни фали квантитет, а не квалитет (според него) иако и малку квалитет не би бил на одмет.
 
Ремзи пак МОТМ, иако мислам Санти повеќе заслужи.
Како и да е, одлична партија, ај да ги торпедираме турците во вторник и во полна форма против Тотенхем.
 
После сите нервози последниве две утакмици ми го кренаа моралот :)
--- надополнето: 24 август 2013 во 15:59 ---
BScCOdUIEAAXYDc.jpg:large
 
Да беше Тео малце попрецизен ќе имаше Санти уште 1-2 асистенции. Кабај пак го нема никаде за Њукасл, моја претпоставка е дека се води борба за негов потпис некад за 15-17 милиони евра, само ПСЖ да не се замеша поозбилно.
 
Супериорно. Во 3 дена покажавме дека со Вила беше само лош ден.

Ајде топџии !!
--- надополнето: 24 август 2013 во 16:36 ---
п.с Шамак стрелец. Мило ми е за дечково, заслужи некако да си врати самодоверба и да се докажи во Премиер лигата.
 
Кокелан црвен картон, 2 жути за 2 мин
 

Срам за клубот е овој,наместо да се фокусира на фудбалот тој прави вакви глупости и продава облека со натпис денч.Затоа шансите да успее во Арсенал му се сведени на 1%,моменатално го зимаат за на клупа оти немаме замени.
 
Ди Марија е попотребен на Арсенал отколку Бензема, а како и да е мислам дека напаѓач ќе дојде.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: J +

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom