Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Интересно. Цел ден никој ништо не пишал.
 
Нема што да се дискутира... чекаме да го официјализираат Жервињо, а тоа би било утре? :D
 
Јас мислам дека до вторник ќе се среди се` :))

vintage_ball_b500.jpg
 
Имам информации дека оваа недела што иде нема никој да потпишеме, исто како и минатата недела :cool:
 
сите имаат информации некои кои другите ги немаат, па и ја имам информација дека утре ќе....................................................................................................................................................биде понеделник. :D
хахаха :)
 
http://www.arsenal.com/news/reserves-news/three-young-arsenal-players-released-by-club
Еве нешто што не го прокоментира никој за сега...
Што мислите за овие 3 играчи? Дали заслужуваа да бидат отпуштени?
За Рандал со оглед на неговата стагнација може и да, заслужи.
Но за Том Крус никогаш не ќе се согласам исто како ни за Руи Фонте,Мерида и други слични...минативе години.
Покрај Мигел овој е најдобар во дефанзива можеби а и Нордвајт што дефинитивно ни беше најдобар го даде...
Барем пари да земевме а? Никако! Тоа е нешто што многу ме нервира во ова правење/градење на таленти, се купуваат се градат, ќе ги изгради и без пари си заминуваат... најчесто поради тоа што не сака да им даде плата!
 
Паметам еднаш Венгер во едно интервју рече дека Рандал го гледал како late bloomer,чиј таленти ке испаднат на виделина во подоцниот период од неговата кариера и затоа не сака да го продава ама ете јбг го пушти за без пари,како и милион други.Ама највеке сум се потресил кога видов на википедија дека Енди Кол ја почнал кариерата во арсенал...
 
За талентите имам целосна доверба во Венгер... И не жалам за талентите, бидејќи знам дека ако вределе Венгер ќе ги задржи...
--- надополнето: Jun 19, 2011 10:43 PM ---
Капитенот на Арсенал, Сеск Фабрегас е многу блиску до трансфер во својот матичен клуб Барселона. Лондонскиот тим денеска и официјално потврди дека преговорите за трансфер на Шпанецот се веќе започнати, но дека сега засега се уште нема понуда од страна на „каталонците“. „Да, тие зборуваа со нас за Фабрегас“, изјави денеска претседателот на Арсенал, Питер Хил Вуд за весникот „Сандеј Мирор“. „Ние сме во контакт, но тие се уште не испратиле никаква конкретна финансиска понуда и ние не сакаме да го пуштиме да си оди. Тој доаѓа од Барселона, па така разбирливо е што сака да се врати. Како и да е Барселона се уште нема доставено официјална понуда“, дополни првиот човек на „топџиите“.

Фабрегас и минатото лето беше пред трансфер во Барселона, но менаџерот Арсен Венгер ја одби 40 милиони евра вредната понуда и успеа да го убеди својот капитен да остане на „Емирати“. Очигледно по уште една сезона без трофеј фудбалерот од средниот ред повеќе не може да чека и е решен повторно да се врати во својатата татковина. Претседателот на Барселона, Сандро Росел најави уште пред неколку дена дека вредноста на Фабрегас ова лето е многу помала во однос на лани и дека тимот нема намера повторно да понуди 40 милиони евра.

Интересно е тоа што Барселона е во големи долгови и буџетот за нови трансфери ова лето воопшто не е голем. Европскиот и шпанскиот шампион е во преговори со Удинезе за трансфер на Алексис Санчез, а тука е интересот и за Џузепе Роси од Вилјареал, што значи дека некој од нападот на Барселона ова лето ќе мора да го напушти „Камп Ноу“. Според шпекулациите, најблиску до такво нешто е Давид Вилја, кој најверојатно ќе им биде понуден на Челзи и Манчестер Сити.

Извор: Многоо, спорт :)
 
Јас сум повеќе за трансвер да го дадеме фабрегас плус едно 20 милиони да им дадиме на Барса за Тиаго оти гледам кажуваат, Тиаго на негови години бил 3пати повеќе талентиран од Фабрегас, јас мислам нема што да изгубиме :D
 
Јас сум повеќе за трансвер да го дадеме фабрегас плус едно 20 милиони да им дадиме на Барса за Тиаго оти гледам кажуваат, Тиаго на негови години бил 3пати повеќе талентиран од Фабрегас, јас мислам нема што да изгубиме :D

Da be, vecno nie ce pravime od taletni fudbaleri, mora da se donesat nekolku dokazani iminja. Inaku cao na titulite i ovaa sezona. Takvata politika do sega 6 godini ja praktikuva arsenal, pa eve do koe deregje dojdovme.
 
Читам шпекулации по нет за тој Стив Ровли од кај вас, ко демек ќе направил траснфер во Челзи како главен скаут, е што знаете за него?
Навистина ли има добри таленти донесено/откриено?
 
Читам шпекулации по нет за тој Стив Ровли од кај вас, ко демек ќе направил траснфер во Челзи како главен скаут, е што знаете за него?
Навистина ли има добри таленти донесено/откриено?

Нема да направи таков трансфер :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom