Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
одиме понатаму, али многу лошо изигравме, јбг немаме искуство
 
Уфф во делириум сум уште, после 14 години пласман во четврт финале, цела вечност е тоа... Малку ме потсеќа моментов како кога го освоивме првиот Фа куп после 9 години суша, и тогаш со пресврт, неубедливо... Да кажам неколку работи дур не ги заборавам, бидејќи денес е се простено, Раја ги спасува сите.

- Браво за Раја, ги затна муцките на сите. Ми се допадна тактиката сите пенали што ги форсираше да ги брани на иста страна. Ги прочита ко книга. И целиот натпревар доста добро го одигра, интервенциите не беа многу на број, ама беа солидни. Патем се има и подобрено во собирање топката во скок во воздух после корнери, не знам дали приметува некој.
- Зинченко беше очаен, како навивач да имавме ставено да игра, не личеше на професионален фудбалер, тек на самиот крај на еден не му дозволи да го помине и тоа му беше еден единствен добар потег, се друго усра.
- Сака беше криминално лош, не постоеше. 80% сме помалку опасни во нападот кога Сака е ваков ко денес, среќа Одегард беше одличен.
- Одегард како бркаше секоја топка до последен здив, па пасот за голот, каква аура со навивачите, лидериште на тимот....
- Тие двете шанси на Жезус и на Одегард после одбиената на Сака беа шанси што мораше да се погодоци, барем една од нив, можеа скапо да не чинат.

Сега мора присебни, фул фокус, нема лесни - тешки противници, сите се тешки, секој натпревар треба до крај да се одигра како да е последен, секој да даде 100% од тимот, па што биде нека биде. Јас досега сум задоволен како се одвива сезонава, на старт бевме сите скептични, имаше коментари дека е промашен трансфер рокот со донесување голман, а не напаѓач, но 2/3 од сезоната досега беа солидни, останува завршната 1/3 да не ја усереме!
 
On the other hand, немаше да има потреба од пенали ако некој не направеше кикс во последната минута од првиот натпревар :)

Како и да е, Раја одлично ја одигра пенал серијата. Ако не поминеа денес ќе беше скроз паднат моралот за следниот лигашки меч.

Сака го скршија од ќотек изминативе 5 месеци, денес го почна натпреварот со судир во двајца и си зема данок тоа. После Сити редно е да одмори малку.
 
Многу е битно што имаше поддршка од клубот кога почна да ги чисти играчите.
Исто така никој не спомнува од денешен аспект колку бил во право со нефорсирањето на Салиба додека беше на позајмица во Франција.
 
Мартинели?
Истово сакав и јас да го пишам ама си викам ај сеа да не се крева дискусија за нешто што е негативно кога може да се зборува за позитивното што се деси синоќа. Инаку Мартинели 99% крив за тој гол, 1% иде на Раја или пак на тој што беше во блок на шутот. Или овие 1% нека идат на тоа дека Галено нема да погоди таков гол уште еден у цела кариера, просто легна и требаше да биде. Вака се гради менталитет и самодоверба секако. Истиот Галено вчера се подмочка на пеналот и утна :)
 
Мартинели?
Што знам, не прими Мартинели гол од 25 метри :)
Реков, секоја чест за одбранетите пенали синоќа. Тоа што ми пречи е што се воспева ко херој, а всушност го измрцвари цел тим до пенали да стигне. Битно Порто падна :)
 
Што знам, не прими Мартинели гол од 25 метри :)
Реков, секоја чест за одбранетите пенали синоќа. Тоа што ми пречи е што се воспева ко херој, а всушност го измрцвари цел тим до пенали да стигне. Битно Порто падна :)
Брале дај бе не заебаај хахахаха
 
Баерн а ?
Боље они него ли Атлетико, слушај те ми го зборот

Sent from my SM-A405FN using Tapatalk
 
Баерн а ?
Боље они него ли Атлетико, слушај те ми го зборот

Sent from my SM-A405FN using Tapatalk
Па ја би да сме од на Атлетико страната. Баерн, Реал и Сити се најтешките, нека не ве лаже форма, нема да биде ни малце лесна утакмица. Мораме многу јако да влеземе на првата утакмица, они без фанови ќе бидат, банирани се.
 
Па ја би да сме од на Атлетико страната. Баерн, Реал и Сити се најтешките, нека не ве лаже форма, нема да биде ни малце лесна утакмица. Мораме многу јако да влеземе на првата утакмица, они без фанови ќе бидат, банирани се.
Не ни лежат затворени тимови. Се виде и со Порто, се гледа и во ПЛ така што играат. Игравме и со Атлетико во ЛЕ пред некоја година, ги издоминиравме максимум, ама не можевме гол да им дадеме.
Сме играле и со Баерн, ама не сме веќе истите од порано, што служевме како топовско месо, а богами не се ни они истите .

Sent from my SM-A405FN using Tapatalk
 
Баерн беше единствена екипа шо не ја сакав во ждреб и ете ги нив. Лош ждреб како и да го вртиш сепак за мене примарна е ПЛ да се освои ова е бонус и ако биде.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom