Уфф во делириум сум уште, после 14 години пласман во четврт финале, цела вечност е тоа... Малку ме потсеќа моментов како кога го освоивме првиот Фа куп после 9 години суша, и тогаш со пресврт, неубедливо... Да кажам неколку работи дур не ги заборавам, бидејќи денес е се простено, Раја ги спасува сите.
- Браво за Раја, ги затна муцките на сите. Ми се допадна тактиката сите пенали што ги форсираше да ги брани на иста страна. Ги прочита ко книга. И целиот натпревар доста добро го одигра, интервенциите не беа многу на број, ама беа солидни. Патем се има и подобрено во собирање топката во скок во воздух после корнери, не знам дали приметува некој.
- Зинченко беше очаен, како навивач да имавме ставено да игра, не личеше на професионален фудбалер, тек на самиот крај на еден не му дозволи да го помине и тоа му беше еден единствен добар потег, се друго усра.
- Сака беше криминално лош, не постоеше. 80% сме помалку опасни во нападот кога Сака е ваков ко денес, среќа Одегард беше одличен.
- Одегард како бркаше секоја топка до последен здив, па пасот за голот, каква аура со навивачите, лидериште на тимот....
- Тие двете шанси на Жезус и на Одегард после одбиената на Сака беа шанси што мораше да се погодоци, барем една од нив, можеа скапо да не чинат.
Сега мора присебни, фул фокус, нема лесни - тешки противници, сите се тешки, секој натпревар треба до крај да се одигра како да е последен, секој да даде 100% од тимот, па што биде нека биде. Јас досега сум задоволен како се одвива сезонава, на старт бевме сите скептични, имаше коментари дека е промашен трансфер рокот со донесување голман, а не напаѓач, но 2/3 од сезоната досега беа солидни, останува завршната 1/3 да не ја усереме!