Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Жал ми е што неколку стартери од денешниот натпревар ќе чекаат нова шанса до јануари. Иако изгубиа,беа солидни. Кембел треба почесто да добива шанса, Диаби би го играл пред Артета и Фламини.
 
Без разлика што левата страна му лежи на Подолски, позиционирање 0. Невидлив, а колку многу сакам да го гледам, скроз те демантира...
 
На Подолски треба да му е срам,германски репрезентативец со 100 + настапи наместо да е лидер на теренот и пример за младите тој се влече по теренот без тронка пожртвуваност.На зима нека лети од тимот и така не служи за ништо друго освен да објавува слики на твитер.
Од друга страна Санчез трчаше и за него,едно големо браво за него.
 
Ние се утепавме од освојување Лига и ЛШ, па сега да си играме лабаво со куповиве... :facepalm:
 
Ние се утепавме од освојување Лига и ЛШ, па сега да си играме лабаво со куповиве... :facepalm:

Де бре, за овој ли куп да гинат и да се повредуваат играчите, нека фала, најпозитивно по овој меч ќе е ако никој не е повреден од играчите, гледај колку играчи во одбрана имама уште овој пивскиот куп ни фали до февруари да го влечкаме у распоредот.

Најважно е да се победи во сабота, не да се оди на бод туку да се победи со оние лигавите мизерии од комшилукот.
 
Де бре, за овој ли куп да гинат и да се повредуваат играчите, нека фала, најпозитивно по овој меч ќе е ако никој не е повреден од играчите, гледај колку играчи во одбрана имама уште овој пивскиот куп ни фали до февруари да го влечкаме у распоредот.

Најважно е да се победи во сабота, не да се оди на бод туку да се победи со оние лигавите мизерии од комшилукот.
Ама фората е што не гледам како со овој тим би направиле нешто посериозно во ПЛ или ЛШ, реално има многу поспремни и поподготвени тимови од нас. Точно дека пивски куп е, али не беше одамна многу времето кога се ќе дадовме за било каков трофеј, па дури и овој.. Се надевам дека со ФА Куп ќе се нареди посериозно работава, да не биде и таму дигни ме пао сам...
 
Иначе Хајден ептен ќе го биде, добар е момакот.

А да и Венгер да му се извини на Апком што не го пушти да игра пред Полди....

Арен беше Хајден, може да послужи како четврта опција во централните дефазивци. Подли, не знам шо да кажам, секогаш сум бил позитивен во врска со него и сум го оправдувал но некако ептен лежерно си ја тера, а зошто да не, си лапа 100.000 неделно и си ужива у животот у Лондон и е ѕвезда на социјалните мрежи.
 
Реално баш и не видов некоја посебна игра денес, ама не ни очекував да видам чудо со таков состав. Додуша очекував само Чембрс да го видам од стандардните првотимци ама ете се најдоа и Вилшер и Санчез. Одбраната дупки, средината и нападот воглавно Санчез сам ги играше. Кембел не е за првотимец освен кога е ептен густо да одмори некој.
Подолски...:place: Ич не сакам кога треба да кажам лош збор за него, ама вечерва го немаше воопшто.
 
Саутемптон искочи со прилично јак состав, и да не беше глупиот пенал на Росицки сигурен сум дека немаше да изгубиме.

Како и да е, глуп куп, не ни треба со волку тенка клупа во одбраната. Да беше побитно немаше Венгер да искочи со толку крпена одбрана.
 
Абе се читате ли вие, Белерин бил катастрофа, а Кембел бил добар а? Уште да не ви е во сеќавање играта на Коста Рика од светсконо? Уште еднаш да не плачете по Подолски, Росицки и Кембел кога нешто не оди кај првотимците, затоа што овие тројца се далеку од прв тим.

Росицки обично е совршен кога треба некој да внесе свежина и да направи разлика па може да му се прости, плус и пеналот некако ми делуваше ко да е изглумен. Подолски, колку и да ми е/беше миленик, не може да игра само поради неговата ефикасност, а притоа никаде да го нема цела утакмица. Срамота е ова што го прикажува на терен. Никаква желба за игра. Кембел се гледа дека знае само една финта и овие од Саутемптон го читаа како мало дете. Далку е од играч кој може да замени некои од нашите ѕверови во прв тим. Вилшер исто така можеше подобро затоа што он беше тој кој требаше да покрие за голот.

Санчез, каков невиден ѕвер е. Сите играчи да имаа work-rate како неговиот мислам дека нема никад да имаме пораз. Секоја чест, се гледаше дека беше исфрустриран од играта на соиграчите, така да се надевам дека нема и него да го фати некоја летаргичност со тек на време. Хајден исто така одличен. Брз, снажен, одличен, а имаше тешка задача цела утакмица да се бори со Пеле. Кокелин исто така одлично покри, особено што станува збор за играч од средината кој игра со десна нога. Белерин, Чемберс со преодна оценка. Диаби исто така солиден, со повремени блесоци и повремени пропусти. Само да остане здрав, ќе добиеме вистинско засилување во него.

Оспина ми делува како голман кој одлично би се снашол во Примера, а во Премиер само да се молиме да не дојде време да брани. Далеку од нивото на Шчесни и на миленикот мој кој замина, Фабиански. Ова е позицијата на која сме послаби од минатата сезона.

Таков впечаток добив јас до кај 70та минута зашо после морав да одам во кино. :) Глупо некако изгубивме со два многу глупо примени гола.

Немаме некоја корист од купов, така да може е и подобро што испаднавме. Може ќе имаа некоја утакмица плус Белерин и Хајден, ама па тогаш ќе имаше и повеќе шанси да се повредат и да останеме уште потенки во одбрана. Другите играчи немаат никаква корист од купов.

Него Афобе гази, 9 гола во 10 настапи и тоа не игра секогаш прва постава
 
Диаби само кој баланс ни го дава во екипата и тоа со 40% од можностите играше, нека качи фитнес и да не ги гледам Артета и Фламини.
 
Иначе Хајден ептен ќе го биде, добар е момакот.

А да и Венгер да му се извини на Апком што не го пушти да игра пред Полди....
сура не се нервирај ќе тепате у реваншот :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom