Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Незнам што сте запнале по одбраната кога денес според мене потфрли средниот дефанзивен ред. Фернандињо и туре се шетаа ко на ливада да се. Не видов никаков притисок врз нив. Дали само видовте колку пасови во празно имаа Сити од нивните среднисти? Како може да е одбраната крива кога никој не ги пресече тие уфрлана на време. Според мене наместо фламини требаше вилшир да излезе затоа што дечкото дефинитивно има проблем со темпераментот. Толку се исфрустрира што незнаеше што прави ни пас ни дриблинг. Само тка ја гледам грешката на Венгер кој со ова само го размазува повеќе. Ми се свиѓа неговата желба за победа но сепак типот се блокира кога ќе се изнервира.

За Казорла што го критикувате, колку и да не е во форма и нема дадено гол сепак ретко прави тешки киксеви и знае да задржи топка, нешто што денес незнаеја што е тоа. Ако велите браво за Венгер што ги седна Казорла и Артета на клупа тогаш се чудам како го браните во овој случај кога вилшир е тој што треба да седне на клупа. Само што Венгер не ги седна поради тоа туку за да ги одмори.

Имаат време да се средат за со Челзи и небарам победа доволен е X со што остануваме на првата позиција а после тоа со “полесните“ пак да си земеме бодови како до сега што си метевме.
 
У врска со Озил, мислам дека така реагираше оти е лут на одбраната. Мертесакер баш немаше никакво право така да му вика пред камерите, со оглед на тоа дека задната четворка денес беше утка.

Извини што ви улетувам вака,али ова на Озил дека бил лут на одбраната не никакво оправдување.Дури и да е најкрив Мертесакер за поразов,има секакво право да му даде до знаење како треба да се однесува со своите навивачи,кои допатувале во Манчестер да го бодрат својот клуб.Пер изреагира капитенски и нема тука љутиш,макар го направил тоа и пред камери.
Еве глеам сега дека Озил им се извинил на навивачите,така да вродило со плод тоа што беше искаран јавно од Пер за неговиот потег.
Не е прв пример ова.Баш сеа ми текна на мечов каде Паладино го опцу Маркиони,зошто не му ја подал топката.Глеј ја реакцијата на Дел Пиеро,вака реагираат правите капитени кога некој од играчите се однесува без респект према своите соиграчи или навивачи.
 
Не не Пер треба да се извини што денес со другарчињата дозволија да примат 6 гола......


Оди бе мочај, ајде не туку се фурај сеа тука. Боооо напорен. Пер не е Арсенал. Денес изгуби Арсенал, не изгуби Пер. Оди лечи си комплекси онаму. Гледаш дека не ти оди со муабетите, оди пиши поезија.
 
Оди бе мочај, ајде не туку се фурај сеа тука. Боооо напорен. Пер не е Арсенал. Денес изгуби Арсенал, не изгуби Пер. Оди лечи си комплекси онаму. Гледаш дека не ти оди со муабетите, оди пиши поезија.

Ххахахах , не не Пер денес се исфура , јас само си кажав мое мислење за неговото шупачко однесување. Да му се помочам у розевиот шлем на Пер е така да си знаеш :D
 
Не не Пер треба да се извини што денес со другарчињата дозволија да примат 6 гола......

Тимот се брани колективно. Јас денес не видов никакво колективно бранење. Нити Тео нити Џек помагаа на одбраната а богами нити Озил и Ремзи. цело време беа 5 на 5 при полуконтрите и со огромен простор пред себе. Одлична трансформација имаа Сити одбрана напад а ние бевме спори. Така да Пер не е крив за 6те гола, 3 од тие беа продадени топки на средината.
--- надополнето: 15 декември 2013 во 02:33 ---
Не бе го кривел Мертесакер.

Кога одбраната прима 6 гола, тогаш потфрлил целосно и средниот ред.
Рамзи 70% точност на пасови во прво полувреме. Во лош ден, просечен накај лош играч од среден ред има 80%.

Одбраната денес не можеше да изнесе топка. Страшен пресинг од Сити, а и непомагање од средниот ред при изнесување на топка.
Голот на Фернадињо падна од тој пресинг, четвртиот гол од она што го потенцираа на MOTD, феноменалното позиционирање на Кош, а денес Вермален не го направи тоа. Да пресече топка која иде у 5 метри.

По 4-2, игравте како да немате средина, играње без желба, да не речам и непрофесионално. Дали Венгер увиде дека нема веќе резон да ги троши играчи, и ги повлече Жиру и Фламини за да ги заштеди, со оглед на тоа дека не смее да ризикува повреди и кај нив, не знам, но Арсенал прв пат го гледам да игра така сезонава.

Се слагам со тоа што рече Maкедонец_7, на 3-2 се осеќаше дека може Арсенал до изедначување(тие шансите на Жиру), но 4 гол го уби Арсенал.

This

Тоа е тоа што го прави Кошчиелни одличен дефанзивец. Денес имаше едноставно лош ден и беше до негде виновен за двата гола ама па не вадеше утакмици наназад посебно со Евертон и Наполи. Воопшто не го обивнувам него за поразот денес, првиот гол го изгуби Агуеро ама незнам дали постои играч во ПЛ што може да го чува Агуеро, тотално непредвидлив играч и со феноменален осет каде ќе оди топката. Така и падна првиот гол. Вториот е обичен гол, Негредо стигна до топката пред Кош, криви тука беа Монреал и дрвото Вилшер што денес ниту еднаш не го покри Забалета. Е од коа искочи Кош знаев дека ќе иаме дебакл. Вермален не е во натпреварувачка форма и го има изгубено осетот и ако не се врати ќе го јадеме наредните утакмици.

Измената Фламини - Гнабри требаше да биде Џек - Гнабри.
А Жиру да дадеше за 3-3 утакмицата можеше да иде у друг правец пошто Сити ќе се отвореа максимално а ние го имавме Волкот кој денес имаше одличен натпревар.

Ама тоа е, ако ги победиме Челзи следнава не губиме многу битно е да биде Арсенал константен на домашен терен и посебно на гости против помалите тимови.
 
1456685_863619503678267_1743653000_n.jpg
 
Го коментираме вториот гол, кога се повреди Кошелни. Погледнете на гифот подоле дека тој воопшто не е крив. Покрај слабото покривање на Монреал и Џек Вилшир, во тркот на Туре го нема Фламини никаде до него.

Ќе приметите како Кошелни два пати му довикува на Фламини да го покрие и почнува да излегува за да затвори, во тој момент Туре ја додава до Забалета при што Кошелни нема време да се врати и да го затвори Негредо.

За првиот гол, се согласувам со Топче, Агуеро е чудовиште, многу непредвидлив и тежок за следење.

ibbX7o2hX7A5UH.gif

Човекот ногата си ја расече за да стигне на време. Ѕвер е, дрес од Кошелни ќе земам.

Сега ја гледам пак утакмицава на СК3, и да ви кажам искрено воопшто не игравме лошо се додека не излезе Фламини. На 2-1, па и на 3-1, многу добро ја контролиравме играта и имавме неколку шанси. Жиру мораше да искористи некоја шанса од тие на 3-1. Озил направи ужасна грешка со додавањето до Фламини кое заврши кај Фернандињо за третиот гол на Сити. Стварно не бевме лоши, ама ужасно се браневме колективно и веќе на 4-2 некако немаше елан за повеќе.

Тукушто симнав МОТД да го гледам Тиери што ќе искоментира.

И смирете го тонот сите, не бидете пациенти со ниски удари.

Р.Ѕ. Ме нервира копилето коментатор на СК! Пред малку коментира како сме изгубиле 8-2 и 6-1 од Јунајтед, 5-2 (во моментот) од Сити, и вика ете колку е тешко да му дадеш гол на Арсенал.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom