Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Ментално сме најслаба екипа од цела премиер лига, а една од најважните работи во фудбалот е да си ментално јак без тоа нема титули...

Ајде сите по еден лајк да му стегнеме, да не му пропадне постот...

Него тотнем со вака статична игра во напад никогаш нема да ги тепа Ливерпул.
 
Треба докажеме дека не сме тоа. А најдобра шанса е Челзи на чело со Мурињо, во понеделник во 21 00 ! :D
 
Челзи колку и да играат лошо, против нас секогаш го имаат лекот.

Тоа ме плаши и мене, тиња се последниве неколку кола, нема да ме чуди и против нас другата недела да бидат тиња, да играат никако, но ќе им се погоди некој ефтин гол да ни дадат, ќе се затворат како шо само Мурињо знае, и ќе ни ја сјебуваат играта со јаки физички дуели, фаули, тепања, мавања и слично.
 
Челзи колку и да играат лошо, против нас секогаш го имаат лекот.


Најпаметна реченица кажана во последноите 100 страници. :)))))) Исто како Дрогба против Арсенал шо беше. Ќе го немаше 3-4 утакмици и ете го против нас, 2-3 гола обавезно.
 
Жиру ќе ги реши Челзи ќе видите :) , (кој има дадено само 1 гол надвор од Лондон :D)
 
За овој човек ми е најмногу жал,можеше да биде играчиште,го отепаа повредите,има ли некој информација кога би се вратил на терен? :unsure:
 
Косчиелни најверојатно нема да игра со Челзи,ќе биде интересно со Вермален и Пер,како двајцата ќе се снајдат :)
Иначе:Славјето на Пер во позадина после голот на Волкот :D
1526294_550239765067995_736016143_n.jpg
 
Доколку овоиме БПЛ,убеден сум дека Сања ќе си замине од клубот. :)
 
Убеден сум дека Сања ќе си замине. И јас. Веќе и оваа сезона не е како што беше низ годините наназад. Ќе изгубиме класа десен бек, можеби и еден од подобрите во Премиер Лигата. Но, тоа е. Би сакал да ги задржиме и Ремзи и Џек за наредна сезона. И Волкот, исто така. Озил тука е. Жиру исто. Мислам дека и после се што би се десило оваа сезона, костурот на екипата ќе остане. Едино само Сања и Вермален ми се онака, како за одење. Би го сакал Дракслер на зима, евентуално на лето. Отом потом.

Не знам како да ви кажам, али мене сите мисли ми се насочени кон Челзи. Не знам. Толку важен меч, немало. Не знам. Доколку победиме, би имале стимул огормен. Потоа иди Вест Хем кој игра очајно дома и Њукасал на гости. Победа против Челзи и те како ни е потребна. Знаеме дека сме во миникриза со нерешено и два порази, но мора ја пребродиме и таа криза да заврши сега.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom