Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Многу слатка победа.Мртва игра ама ги земавме 3-те најважни бода. :P

Кога веке му го правиме муабетот на Жиру,јас се нервирам што е бавен и тоа што незнае да издрибла ни еден играч,поима нема од дриблање.

Можеби, но денеска во офанзива дечкото САМ задржуваше топка и отвораше акции помеѓу 4/5 нивни играчи... феномен е со топка... има ужасно опасен финиш, одличен пас и интересно несекојдневна визија за напаѓач... што го прави 11/10 за Арсеналовец.
 
Имаше една изјава не ми текнува од кого: Натпреварот го добива нападот, а првенствата одбраната....

Презадоволен од тандемот Кош и Мерт, одлично се надополнуваат. Кош ја има брзината и агресивноста, а Мертезакер одлично читање на игра и позиционирање. Мора да го пофалам и Сања кој игра одлично како препороден оваа сезона, мора да му се продолжи договорот и венгер нека не ја тупи со една година договор на постари играчи. Плус и измените Монреал и вермален одлично за покирање. Едино замената на Сања Џенк треба да крка уште муви. Критики не давам затоа што историјата покажала да не се донесува мислење за играч предвреме.

Нападот сезонава според мене игра онолку колку што треба далеку е поефикасен. Едно време правевме милион шанси и пак киксиравме тешко дававме голови, освен со РвП сезоната пред да замине. Средината е моментално екстра и покрај повредени играчи не се приметува. Казорла, Озил, Росицки (и он игра препородено и дава над 100% и мислам дека заслужи трофеј со арсенал), Ремзи, Вилшир, Артета, Фламини... Има тука простор за ротации колку ти душа сака. Сега играат скоро сите затоа што немаме крило а кога ќе се вратат крилата ќе има поголем простор за ротации и одморање.

Исто ме радува што и без крила пак добро се држиме а очигледно е колку фали некој како подолски или тео да ја рашири играта, па и некој дриблинг на Окс.

Е најтенки сме во нападот. Жиру е феноменален а тоа што некој ги нервира неговиот пас е поради тоа што нема баш со кого да проигра. Му фали партнер. Инаку скоро сите топки што се дегажирани ги фаќа доволно да не ми дозволи на противниците да ја земат одма топката. Одамна сме немале таков сидраш. Само незнам зошто некои очекуваат од него да биде дриблер? Па нема потреба од тоа има доволно други што се задолжени за тоа. Според мене на него му фали партнер од типот на суарез, агуеро, виља... Затоа потајно посакував зимоска да го земеме али не успеавме.

И за крај пофалби за Шчежни. Годинава игра многу позрело и приземјено, не лета во облаци како што знае. Далеку посигурен е и исто така дегажирањата му се перфектни. Кога и да исфрли оди на наш играч. Мислам дека некој натпревар имаше 100% прецизни дегажмани.

Одлича победа ни остана само со Марсеј да изиграме паметно без летање во облаци предвреме и со наполи доволно е Х да извадиме ништо повеќе ;)
 
Зошто никој не спомнува ништо за утакмицата со Наполи во гости ?
Битно е да ги добиеме и Наполи и Марсеј за први да завршиме во група и ич да не не боли глава.
 
Победа со Марсеј и нерешено со Наполи го гарантира првото место. Во случај на ист број бодови на две екипи, во предвид се зема меѓусебниот дуел.
 
Значи пред почетокот на оваа недела пишав дека натпреварите што следат (со Дортмунд и Јунајтед), треба да се играат тактички и на резултат и дека и со нерешено би бил задоволен (со можност да се искористи шансата преку контранапад), и баш така изигра Венгер, мудро тактички и зрело, сега останува и истата тактика да ја спроведе и со Јунајтед, да не се залетуваме од прва минута туку да си ја чекаме нашата шанса, на овој натпревар не смееме да загубиме за да продолжиме со добрите резултати.
 
Мислам дека Јунајтед ќе игра на ист начин како ние што игравме против Дортмунд. :D Барем според меѓусебните дуели, така би требало да игра, иако сега е Мојс, а не Фергусон. Е сега би требало да бидеме појаки на тој план за разлика од минатите сезони каде што делувавме неискусно при таква игра.
 
Мислам дека Јунајтед ќе игра на ист начин како ние што игравме против Дортмунд. :D Барем според меѓусебните дуели, така би требало да игра, иако сега е Мојс, а не Фергусон. Е сега би требало да бидеме појаки на тој план за разлика од минатите сезони каде што делувавме неискусно при таква игра.

Јунајтед секогаш играл исто против нас (ќе ни ја препушти средината и топката, и со неколку добри против напади ќе постигне гол, а притоа успешно ќе ги одбива нашите напади).
Затоа мислам дека за нас добар резултат ќе биде и нерешено и да ја чекаме нашата шанса од полуконтри и контри, само не треба да се залетаат и да примат први гол зошто после ќе биде многу тешко. Само се плашам да не влезат премногу самоуверени и тргнат безглаво во напад и да не изиграат тактички дисциплинирано до крај, ама верувам дека ја научија тактичката дисциплина до сега.
 
Зошто никој не спомнува ништо за утакмицата со Наполи во гости ?
Битно е да ги добиеме и Наполи и Марсеј за први да завршиме во група и ич да не не боли глава.

Бидејќи по оваа победа фокусот се префрлува само во домашното првенство.
Кога ќе дојде на ред Марсеј, ќе се бара да речеме делумно и лесна победа ... до тогаш тие би требало да имаат 1 поен ( ако биде се во ред нели со Дортмунд ;) ) а ние ако извадиме исто толку со Наполи ќе бидеме на првото место. Што значи, се освен пораз во Неапол е добро.. па не мора да се оди толку агресивно и со првата постава таму. Најбитен меч во ЛШ - Марсеј.
 
http://player.arsenal.com/schedule/day/2013-11-06/player/4323-fans-in-dortmund
Интересна репортажа, ама хитот е на 0:34 каде Арсенал-Македонија е претставен и тоа од @Топче

Феноменално беше :D

Глеа некој на здф, да каже зошто го спомнаа македонскиот фан клуб ?

И од друг го слушнав ова, што точно рекоа?
Единствената причина поради која не спомнале што ми текнува сега е дека во вторникот имаше резервирано маса за ЗДФ до нашата во тој пабот кај што гледавме, а некои од нас беа со арсенал македонија маички :))
 
Феноменално беше :D



И од друг го слушнав ова, што точно рекоа?
Единствената причина поради која не спомнале што ми текнува сега е дека во вторникот имаше резервирано маса за ЗДФ до нашата во тој пабот кај што гледавме, а некои од нас беа со арсенал македонија маички :))

Па нели на трибини гледавте или ???
 
И од друг го слушнав ова, што точно рекоа?
Единствената причина поради која не спомнале што ми текнува сега е дека во вторникот имаше резервирано маса за ЗДФ до нашата во тој пабот кај што гледавме, а некои од нас беа со арсенал македонија маички :))
Знам дека ги спомнаа, е сеа што точно кажаа не знам, џабе учев германски 8 години во школо :D
 
ramsey-running.jpg
 
^ Па не е баш за фалење сликава, освен Ремзи никој друг не трча од кај нас, не надтрчале Дортмунд и тоа за многу
--- надополнето: 7 ноември 2013 во 16:51 ---
Вели во вторникот....

да да, од брзање не го забележав тој дел

ајде очекуваме слики да ја видиме атмосферата од лице место каква била :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom