Имаше една изјава не ми текнува од кого: Натпреварот го добива нападот, а првенствата одбраната....
Презадоволен од тандемот Кош и Мерт, одлично се надополнуваат. Кош ја има брзината и агресивноста, а Мертезакер одлично читање на игра и позиционирање. Мора да го пофалам и Сања кој игра одлично како препороден оваа сезона, мора да му се продолжи договорот и венгер нека не ја тупи со една година договор на постари играчи. Плус и измените Монреал и вермален одлично за покирање. Едино замената на Сања Џенк треба да крка уште муви. Критики не давам затоа што историјата покажала да не се донесува мислење за играч предвреме.
Нападот сезонава според мене игра онолку колку што треба далеку е поефикасен. Едно време правевме милион шанси и пак киксиравме тешко дававме голови, освен со РвП сезоната пред да замине. Средината е моментално екстра и покрај повредени играчи не се приметува. Казорла, Озил, Росицки (и он игра препородено и дава над 100% и мислам дека заслужи трофеј со арсенал), Ремзи, Вилшир, Артета, Фламини... Има тука простор за ротации колку ти душа сака. Сега играат скоро сите затоа што немаме крило а кога ќе се вратат крилата ќе има поголем простор за ротации и одморање.
Исто ме радува што и без крила пак добро се држиме а очигледно е колку фали некој како подолски или тео да ја рашири играта, па и некој дриблинг на Окс.
Е најтенки сме во нападот. Жиру е феноменален а тоа што некој ги нервира неговиот пас е поради тоа што нема баш со кого да проигра. Му фали партнер. Инаку скоро сите топки што се дегажирани ги фаќа доволно да не ми дозволи на противниците да ја земат одма топката. Одамна сме немале таков сидраш. Само незнам зошто некои очекуваат од него да биде дриблер? Па нема потреба од тоа има доволно други што се задолжени за тоа. Според мене на него му фали партнер од типот на суарез, агуеро, виља... Затоа потајно посакував зимоска да го земеме али не успеавме.
И за крај пофалби за Шчежни. Годинава игра многу позрело и приземјено, не лета во облаци како што знае. Далеку посигурен е и исто така дегажирањата му се перфектни. Кога и да исфрли оди на наш играч. Мислам дека некој натпревар имаше 100% прецизни дегажмани.
Одлича победа ни остана само со Марсеј да изиграме паметно без летање во облаци предвреме и со наполи доволно е Х да извадиме ништо повеќе
