Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Кемпбел е вистински воин, нешто што ни фалеше неколку години. Иако на 35 години човекот изигра храбро против Порто и Стоук и се гледа што значи неговото присуство на теренот. Жално што наскоро ќе мора да се пензионира, но верувам дека за последен пат оваа сезона со нас повторно ќе подигне трофеј.

Во моментов имал мала повреда на препоните, па според мене нетреба да се ризикува за утре, плус ако игра заморот ќе си го направи своето а мора да биде 100% спремен за големата утакмица за 3 дена. Затоа против Барнли би требало да го видиме Силвестре во задната четворка. :toe: Во средина исто и Диаби не бил фит, Венгер го рачуна 50:50. Најдобро ќе биде Истмонд или некој друг да пополни, можеби Насри.

Иако вака на хартија изгледа дека ќе биде лесно, во пракса е всушност многу тешко. Можеби Барнли немаат победа на гости, само 1 поен имаат од нерешеното со Шити, сепак можат да зададат проблеми. Ако успееме да дадене 2/3 гола до 60 минута, тогаш ќе може да се размислува за вадење од игра на Фабрегас и уште некој од клучните фудбалери на кои ќе им треба одмор.

И секако, ако победиме победата ќе му биде посветена на Ремзи. Момците од REDaction успеале навреме да го завршат банерот што значи би требало да го видиме на трибината од левата страна (гледајќи од централната трибина). :vozbud:
 
Кембел повреден за со Барнли, за со Порто има шанси да настапи. Дијаби е опоравен за Барнли.
 
Утре, 16 00, Сител, live from Emirates....

Како тргнале овие од Сител, нон стоп не даваат, во живо...:helou:
 
Утре, 16 00, Сител, live from Emirates....

Како тргнале овие од Сител, нон стоп не даваат, во живо...:helou:

Па се паѓа во термин кога нема друго големо дерби. Добар се погоди распоредот
 
Дел од банерите кои ќе бидат поставени утре на Емирати








Не дека ми смета ама ова го направија како рамзи да е мртов . Исто како Македонија против Андора кога умре Тоше
 
Не дека ми смета ама ова го направија како рамзи да е мртов . Исто како Македонија против Андора кога умре Тоше
Па колку е лошо за играч од само 19 години , најголем талент во негова земја да падне вака.... На овој начин едноставно му се помага да закрепне!:smir:
 
Па колку е лошо за играч од само 19 години , најголем талент во негова земја да падне вака.... На овој начин едноставно му се помага да закрепне!:smir:

E тоа да, му треба подршка.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom